Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Свет

Њујорк Пост: Бајден за време на мандатот 40 отсто од времето го поминал на одмор

08.09.2024 18:45
Сподели

Вашингтон, 8 септември 2024 (МИА) – Американскиот претседател Џозеф Бајден поминал 532 дена на одмор, што е околу 40 отсто од 1.326 дена колку што е на функцијата, пишува Њујорк пост, повикувајќи се на податоци од Републиканскиот национален комитет (РНЦ).

Според извештајот, на просечниот Американец, кој има 11 денови за одмор, би му требале приближно 48 години за да го акумулира тој број на слободни денови.

„Њујорк Пост“ минатата година на насловната страница објави извештај во кој се вели дека Бајден поминал 382 од неговите први 957 дена на функцијата, или 40 отсто, на приватни патувања надвор од Белата куќа.

Ad image

Во споредба со Бајден, поранешниот претседател Доналд Трамп поминал 26 отсто од своето претседателствување на лични патувања надвор од Вашингтон, или 381 од неговите 1.461 дена на функцијата.

Банер

Поранешните претседатели Роналд Реган и Барак Обама биле на одмор само 11 отсто од времето во текот на двата мандати, а Џими Картер зел само 79 слободни денови, што изнесувало пет отсто од неговиот мандат.

Соработниците на актуелниот претседател постојано тврдеа дека Бајден, како и минатите претседатели, работи од далечина и е достапен и на пауза, јави Еуроњуз.

– Не е изненадувачки што истите генијалци кои го напаѓаат претседателот Бајден затоа што ги галеше кучињата херои и сака сладолед не можат да пресметаат, но тој зема помалку денови за одмор од модерниот просек на претседателите и напорно работи секој ден, каде и да е, рече еден од портпаролите на Белата куќа, Ендрју Бејтс.

Од Јасмина Тасевска/МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Платен промет
Шифри за платен промет и ознаки на општини.
Финансии
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Универзитетот во Белград предложи решение за излез од кризата

Бела куќа: САД ја „преиспитуваат“ суспензијата на помошта за Украина

Макрон ја зајакнува нуклеарната стратегија на Франција

Канцеларија за Косово: Приштина презеде шест згради во Зубин Поток градени од српската Влада

Бриселската политика: Главна пречка за мирот во Украина, тврди американски експерт

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Свет

Етиопија слави 80 години дипломатска соработка со ОН

Свет

Уапсено десеттото лице вмешано во терористичкиот напад на Крокус Сити Хол кај Москва

Свет

Кремљ реагира на провокациите на НАТО

Трамп би сакал да избегне воведување царини за Кина

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?