Париз, 8 август 2024 (МИА) – Летиција Ајуд од Либан е ривалката на Милјана Рељиќ во четвртфиналето таеквондо до 57 килограми на Олимписките игри во Париз.
Македонката попладнево забележа голема победа над двократната олимписка шампионка Џејд Џонс од Велика Британија и се пласира помеѓу осумте најдобри.
Терминот за борбата на македонската репрезентативка со таеквондистката од Либан е 15:45 часот.
Во случај на победа, Релиќ ќе биде блиску до медал.
Од Зоран Стерјовски/МИА