Москва, 9 август 2024 (МИА) – Гувернерот на руската област Курск, Алексеј Смирнов, вечерва изјави дека напојувањето со електрична енергија во градот Курчатов, каде што се наоѓа нуклеарната централа Курск, е прекинато откако остатоци од украински дрон паднале на трансформаторска трафостаница во регионот и предизвика пожар, пренесоа британските медиуми.
Смирнов на Телеграм напиша дека нема струја во градот Курчатов, кој има околу 42.000 жители и е дом на една од најголемите руски нуклеарни централи, како и во делови од неколку околни области.
Борбите се приближија до нуклеарната централа Курск откако украинските сили започнаа ненадејна офанзива во рускиот пограничен регион во последните четири дена.
Од Марија Спасовска/МИА