Скопје, 22 август 2024 (МИА) – Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство д-р Оливер Миланов денеска ќе се обрати на завршниот настан на проектот финансиран од Европската унија „Подобрена контрола на болести кај животните и имплементација на системот за безбедност на храна“.
На настанот на кој ќе бидат презентирани достигнувањата на проектот финансиран од Европската унија, заклучоците и препораките за идните активности, ќе се обратат и Штефен Худолин, раководител на Секторот за операции при Делегација на ЕУ во Скопје и Емили Бирош, проект менаџер на CAPA-AETS Consortium, имплементатор на проектот.
Од Елизабета Велјановска-Најдеска Извор МИА