Женева, 24 август 2024 (МИА) – Шефот на Светската здравствена организација (СЗО) повика на глобална усогласена акција против новата епидемија на мајмунски сипаници и најави дека за тоа ќе бидат потребни најмалку 135 милиони долари во следните шест месеци.
– Дозволете ми да бидам јасен: оваа нова епидемија на мајмунски сипаници може да се контролира и запре, рече генералниот директор Тедрос Аданом Гебрејесус синоќа во говорот пред земјите-членки на СЗО, кој подоцна беше објавен на социјалната мрежа Х.
„Одговорот на оваа сложена епидемија бара сеопфатен и координиран меѓународен одговор“, нагласи Гебрејесус.
Од Златко Шумковски/МИА