Киев, 26 август 2024 (МИА) – Околу десетина дронови се уништени додека се приближувале до градот во регионот околу Киев, соопшти на Телеграм Серхиј Попко, шеф на воената администрација на Киев.
Тој додаде дека оценката за јачината на нападот ќе биде позната подоцна денеска.
Поголемиот дел од централна и источна Украина околу 2:30 часот беше под предупредување за воздушен напад.
Во исто време, остатоци од уништени беспилотни летала лансирани од Украина насочени кон руската област Саратов оштетиле неколку куќи во градовите Саратов и Енгелс, соопшти денеска гувернерот на регионот кој се наоѓа неколку стотици километри југоисточно од Москва.
Сите служби за итни случаи се испратени на местото на настанот, нагласи гувернерот на Ростов, Роман Бусаргин.
Од Јасмина Тасевска Извор МИА