Со посета на сајтот се сложувате со нашата Политика на приватност, заштита на податоци и колачиња
Accept
Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Notification Show More
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
  • Дијаспора
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
Reading: Во Појасот Газа почна вакцинацијата на децата против полио , се очекуваат „паузи“ во војувањето
Share
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
  • Дијаспора
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
Follow US
Home » Blog » Во Појасот Газа почна вакцинацијата на децата против полио , се очекуваат „паузи“ во војувањето
Свет

Во Појасот Газа почна вакцинацијата на децата против полио , се очекуваат „паузи“ во војувањето

31.08.2024
Share
SHARE

Газа, 31 август 2024 (МИА) – Вакцинацијата на децата против детска парализа (полио) започна во центарот на Појасот Газа, изјави денеска официјалниот претставник на палестинското Министерство за здравство, д-3 Муса Абед, во пресрет на „хуманитарната пауза“ во војувањето, што ОН ги најавија за да го овозможат вакцинирањето, пренесуваат француските медиуми.

-Тимови од Министерството за здравство, УНРВА и невладините организации денеска ја почнаа кампањата за вакцинација против детска парализа во централниот Појас Газа, изјави д-р Абед, директор за прва помош во Министерството за здравство на владата на Хамас.

Првиот случај на детска парализа неодамна беше потврден кај десетмесечно дете во Појасот Газа, каде болеста беше искоренета пред дваесет и пет години.

ОН испратија 1,2 милиони орални вакцини.

Ad image

Родителите чии деца ја примија првата орална вакцинација од две капки, а две дози од вакцината се потребни во период од еден месец, изјавија за француските медиуми дека стравуваат од епидемија меѓу децата на малата територија од 2,4 милиони луѓе, од кои речиси сите беа раселени за време на војната.

Светската здравствена организација (СЗО) во четвртокот соопшти дека израелските власти се согласиле на неколку „хуманитарни паузи“ од по три дена во Газа за да дозволат 640.000 деца да бидат вакцинирани против детска парализа.

Поради оштетените патишта и раселеното население, ОН најавија дека може да биде потребен дополнителен ден за секоја област.

Договорот предвидува хуманитарната пауза да трае секој ден од рано наутро до рано попладне, а по можност и да се продолжи.

Според ОН, „епидемијата за да биде запрена потребно е да бидат опфатени најмалку 90 отсто од децата во текот на секоја фаза на вакцинација“.

Од Сашко Димевски/МИА

You Might Also Like

Русија бара од Украина да предаде украински претставници поради наводни „терористички акти на руска територија“

Лавров од утре во дводневна посета на Кина

Најмалку пет експлозии се слушнале во Киев

Српската Влада со контакт центар ќе информира за проектот „Јадар“, продолжуваат протестите против тој проект низ државата

Боинг донира еден милион долари за церемонијата на инаугурација на Доналд Трамп

Share This Article
Facebook Twitter Telegram Email Copy Link Print
Share
What do you think?
Love0
Sad0
Happy0
Surprise0
Angry0
Dead0
Wink0

ПОПУЛАРНО

Балкан

Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Викендот во Делчево на еден татко
„Македонецот“ – полски документарен филм посветен за децата-бегалци од Егејска Македонија
Еден ден и јас ќе го фрлам зарот и фереџето

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mkЗабрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Македонија ДенесМакедонија Денес
© 2024 Македонија Денес. Сите права се задржани.
- Advertisement -
Ad image
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?