Скопје, 5 септември 2024 (МИА) – Поради планирани технички интервенции во електродистрибутивната мрежа на ЕВН, денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Кисела Вода, Карпош, Чаир и Гази Баба.
Во период од 09:00 до 10:00 часот без струја ќе бидат корисниците од делови од улицата „Мишко Михајловски“ во општина Кисела Вода, а од 09:00 до 13:00 часот од дел од улицата „Копачка“ во општина Карпош.
Прекин во снабдувањето со електрична енергија од 08:00 до 11:00 часот ќе има на дел од улиците „Крсто Арсенов“, „Добри Даскалов“ и „Емин Дураку“ во општина Чаир, а од 08:00 до 15:00 часот дел од корисниците на населбите Чукур и Трубарево во општина Гази Баба.
Од Славица Стефановска Извор МИА