Со посета на сајтот се сложувате со нашата Политика на приватност, заштита на податоци и колачиња
Accept
Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Notification Show More
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
  • Дијаспора
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
Reading: КИНСИВ во М-НАВ ќе го истражува безбедносниот настан на небото над Скопје од 7 септември
Share
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
  • Дијаспора
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
Follow US
Home » Blog » КИНСИВ во М-НАВ ќе го истражува безбедносниот настан на небото над Скопје од 7 септември
Македонија

КИНСИВ во М-НАВ ќе го истражува безбедносниот настан на небото над Скопје од 7 септември

16.09.2024
Share
SHARE

Скопје, 16 септември 2024 (МИА) – Комитетот за истрага на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти (КИНСИВ) денеска почнува активности во Давателот на навигациски услуги М-НАВ како дел од истрагата  за безбедносниот настан на небото над Скопје на 7 септември во кој според објавите е избегнат судир на два авиона. За настанот постапува и Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ), а ако се утврди дека има кривично дело  наодите треба да се достават до Основното јавно обвинителство.

– В понеделник влегуваме во М-НАВ и ќе ги направиме потребните разговори, ќе ги преслушаме снимките од разговорите на контролорите со пилотите на авионите, а и ќе ги погледнеме и снимките. Ние не утврдуваме вина, туку причина која довела до ваков инцидент. Исто така, ќе побараме изјави од пилотите на двата авиона преку нивните воздухопловни власти, па ќе ја информираме јавноста. Се друго во моментот ќе биде шпекулација, изјави за МИА во петокот Зоран Илиевски, претседател на КИНСИВ.

Претходно од АЦВ за МИА потврдија  дека постапуваат по настан пријавен од Давателот на навигациски услуги М-НАВ.

-Давателот на навигациски услиги М-НВ уредно го пријави настанот  и АЦВ ќе постапи по истиот,  изјавија од АЦВ.

Ad image

Според М-НАВ, во пропишаниот рок поднесена е пријава за безбедосниот настан и отворена е истрага за утврдување на фактичката состојба и причините.

– На 7 септември во 18.30 часот поднесена е пријава за безбедосен настан во пропишаниот рок од извршителите кои работеле на засегнатиот сектор. Согласно правилата и пропишаните процедури, пријавата е регистрирана од страна на одделението ИМС (Integrated Management Systems) и доставена до Агенцијата за Цивилно Воздухопловство. Исто така, согласно важечките процедури, од страна на одделението ИМС (Integrated Management Systems) отворена е истрага за утврдување на фактичката состојба и причините за настанот. Би сакале да укажеме дека ваквите настани како и секаде во Европа, секогаш се навремено пријавени и процесирани од сите релевантни одделенија, служби и институции, согласно постоечките правни процедури, наведе М-НАВ во соопштение.

По медиумските објави врз основа на сајтот за следење летови Флајтрадар24,  дека авиони на „Туркиш ерлајнс“ и на „Санекспрес“ за малку ќе се судреле на небото над Меѓународниот аеродром во Скопје на 7 септември во 18.32 часот, реагираше  и Здружението на контролори на летање на Македонија (ЗКЛМ).

Оттаму порачаа  дека Флајтрадар24 не е релевантна алатка за давање на точна позиција во реално време и како таква не треба да се користи за извлекување на заклучоци. Истакнаа дека застануваат во одбрана на колективниот углед и професионализам на контролорите, кои, како што оценија, се мета на неосновани осуди. Прогласувањето на овој настан за „сериозен инцидент”, според Здружението, без притоа да се проверат фактите не оди во насока на правично и вистинито расветлување на случајот.

Како што објави порталот СДК.мк, повикувајќи се на  Флајтрадар24 се, станува збор за авион на „Туркиш ерлајнс“ на летот ТК1358 од Мадрид за Истанбул и авионот на „Санекспрес“ од турскиот крајбрежен аеродром Даламан за Лондон – Гетвик. Триесет секунди пред да се разминат двата авиона биле на иста висина од 36.000 стапки. Непосредно пред да се разминат, едниот се кренал на 36.325 стапки, а другиот се спуштил на 35.475 стапки. Според правилата на авиосообраќајот, меѓу авионите треба да има 2.000 стапки вертикална далечина, напиша порталот.

Од Лидија Велковска Извор МИА

You Might Also Like

Соопштение на Основното јавно обвинителство за несреќата во Кочани

Мицкоски најави нов ветропарк меѓу Карбинци, Штип и Радовиш за производство на електрична енергија

Царината спречи меѓународен ланец на нелегална трговија со анаболични супстанци

АХВ поради нерегуларности во работењето казни месарница, маркет и ресторан

Министерот Тошковски позитивен на Ковид-19

Share This Article
Facebook Twitter Telegram Email Copy Link Print
Share
What do you think?
Love0
Sad0
Happy0
Surprise0
Angry0
Dead0
Wink0

ПОПУЛАРНО

Балкан

Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Викендот во Делчево на еден татко
„Македонецот“ – полски документарен филм посветен за децата-бегалци од Егејска Македонија
Еден ден и јас ќе го фрлам зарот и фереџето

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mkЗабрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Македонија ДенесМакедонија Денес
© 2024 Македонија Денес. Сите права се задржани.
- Advertisement -
Ad image
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?