Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Македонија

Царината спречи меѓународен ланец на нелегална трговија со анаболични супстанци

13.08.2024 17:05
Сподели

Скопје, 13 август 2024 (МИА) – Легалните аеродроми во моментов се таргет за криминалците. Целта им е допинг супстанциите да стигнат на таргетираниот аеродром и потоа да ги дистрибуираат на разни пазари, рече денеска директорот на Царинска управа, Бобан Николовски откако соопшти дека се запленети 192 килограма анаболични стероиди вредни 5,5 милиони денари.

Царинската управа, како што напомена Николовски, спречи меѓународен канал на нелегална трговија со анаболични стероиди чие производство, продажба и употреба е строго забрането.

Според него, станува збор за производител од Индија, со дебело криминогено минато, кој сакал со лет од Сингапур – Истанбул и потоа Истанбул – Скопје, стоката да ја дистрибуира на фиктивен пазар, а како крајна дестинација била наведена Чешка, каде ваквите производи се исто така строго забранети. Истрагата поведена од Царинската управа врз основа на сомнение, утврдила дека податоците за чешката компанија се лажни, односно дека таа нема извршено нарачка на ваков вид производи. Притоа е направен тест со спектометар кој покажал дека се работи за анаболични стероиди.

Банер Банер BrandEcho

-Запленети се 32 кутии со 192 килограми анаболични стероиди со вредност од 5,5 милиони денари, штетни по здравјето на граѓаните, а до сторителите е поднесена кривична пријава. Станува збор за Оxanaboilic и Metanabol за орална употреба, како и Testec, Testen и Sustamix за инјекционална употреба. За случајот е добиено и признание од Светската антидопинг агенција дека македонската Царина влегла во трага на меѓународен ланец на нелегална трговија со вакви супстанци што претставува модерен тренд на забранети стимулативни супстанци што предизвикуваат зависност. Со оваа заплена Македонија во моментов е во топ тројката на земји на светско ниво на листата на Светската антидопинг агенција за заплени на забранети супстанци, рече Николовски на прес-конференција.

Во соработка со јавен обвинител, направена е форензичка анализа од страна на МВР каде се потврдило дека станува збор за анаболични стероиди. Воедно, од страна на Агенција за лекови и медицински средства – МАЛМЕД и Национална антидопинг агенција во рамки на Светската антидопинг агенција и Министерството за спорт, добиен е одговор дека анаболичните стероиди се строго забранети согласно закон.

Ad image

-Согласно добиените докази, до Основното Јавно Обвинителство е поднесена кривична пријава против сторителот, информира директорот Николовски, при што упати благодарност до Светската антидопинг агенција за соработката во овој случај, до Министерството за спорт, и особено до царинските службеници.

Министерот за спорт, Борко Ристовски кој исто така беше на прес-конференцијата, изрази цврста заложба во борбата против употребата на недозволени средства во спортот.

-Државата ќе стои цврсто против употребата на забранети материи за постигнување добри резултати, истакна Ристовски.

Од Мирјана Чакарова/МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Цени на горива
Преглед на актуелните цени на горивата и енергенсите како и приказ на историското движење на цените.
Автомобилизам
Отвори →

Може ќе ви се допадне

АКЦИЈА ВО ГОСТИВАР Откриени над 9.000 пиротехнички средства!

ДАЛИ СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ КЕРОЗИНОТ ГО УВЕЗУВА ОД КОСОВО И ЗОШТО АЛБАНСКА ФИРМА ЌЕ СТОПАНИСУВА СО ПАРКИНГОТ НА КЛИНИКА!?

Габриела Илиевска се кандидира за градоначалник на Битола

Распадот на Европскиот фронт: ДУИ на крстопат

Топло за јануари: температури до 14 степени и засилен јужен ветер

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Македонија

Кривичен суд: Судењето за убиството на Вања и Панче започнува на 4 септември

Македонија

Вицепремиерот Фетаи избегнува да комуницира на македонски јазик

Локално

Отворени „Деновите на кочанскиот ориз 2024“, Марија Стаменкова избрана за жетварска убавица

Хроника

Лишени од слобода двајца турски државјани, пронајдена дрога и куршуми

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?