Киев, 18 септември 2024 (МИА) – Украинската противвоздушна одбрана дејствуваше во предградијата на Киев за да одбие напад од руски дронови, се наведува во соопштението на украинската воена администрација на Телеграм.
Запорожје исто така беше под масивен напад, според Иван Федоров, шеф на регионалната воена администрација. Две лица загинаа во нападот на областа Запорожје.
Украинските сили известија за воздушни тревоги во неколку региони, откако Русија лансираше дронови „Шахед“.
Руски гувернери известуваат дека седум украински дронови биле уништени во Смоленската област, а 14 дронови во Брјанската област. Остатоци од украински дрон предизвикале пожар во Тверската област.
Од Сања Костовска Извор МИА