Квито, 22 септември 2024 (МИА) – Еквадор ќе почне со планираните прекини на струја еден ден порано, соопшти владата со цел да ја рационализира испораката на електрична енергија бидејќи земјата зависна од хидроелектричната енергија се соочува со најголемата суша во изминаите 61 година.
Ноќните прекини на струја беа планирани од понеделник до четврток, но дополнително рационализирање сега ќе има во текот на денот (недела) од 08:00 до 17:00 часот денеска во 12 провинции, се вели во соопштението на претседателот.
Исклучувањата на струјата имаат за цел „да се заштитат водните ресурси“. Во државата 71 ден нема врнежи од дожд.
Ниските нивоа на водата доведоа до пад на акумулациите на хидроелектраните кои покриваат 70 отсто од националната побарувачка.
Во изјавата на претседателот, исто така, се вели дека може да бидат наметнати дополнителни мерки.
Од Златко Шумковски/МИА