Цирих, 28 септември 2024 (МИА) – Светската фудбалска федерација (ФИФА) може да го дисквалификува аргентинскиот голман Емилијано Мартинез на два натпревара од квалификацискиот турнир за СП 2026 година, објави новинарот Ернан Кастиљо на социјалната мрежа Икс.
ФИФА ќе ги прегледа инцидентите со колумбиски снимател и контроверзен голмански гест за време на прославата за победата на Копа Америка во 2024 година.
На 11 септември, 32-годишниот Аргентинец ја удри камерата по поразот од Колумбија (1:2) во квалификацискиот натпревар за СП 2026 година. Неколку дена претходно, за време на церемонијата во чест на победата на Копа Америка 2024 година, тој го стави трофејот на препоните, како што направи по победата во финалето на Светското првенство во 2022 година.
На 10 октомври Аргентина ќе игра против Венецуела, а на 15 ќе се сретне со Боливија.
Од Зоран Стерјовски/МИА