Каракас, 2 октомври 2024 (МИА) – Лидерот на венецуелската опозиција Марија Корина Мачадо побара од меѓународната заедница да го засили притисокот врз претседателот Николас Мадуро да се повлече. По претседателските избори во јули Мадуро тврди дека победил.
Опозицијата инсистира на тоа дека нејзиниот кандидат, Едмундо Гонзалес Урутија, победи на гласањето убедливо. Тој моментално е во егзил во Шпанија.
Немирите по гласањето однесоа 27 животи, а повеќе од 2.400 беа уапсени под обвинение за „тероризам“ поради учество во протести.
„Ни треба меѓународната заедница, меѓународната правда да дејствува“ и да ги натераме Мадуро и другите венецуелски функционери одговорни, рече Мачадо на конференцијата во Прага.
Таа зборуваше два дена по освојувањето на наградата за човекови права доделена од Советот на Европа.
Мачадо ја повика меѓународната заедница да го засили притисокот врз столбовите на моќта на Мадуро, вклучувајќи ги армијата и полицијата.
„Треба да им дадеме до знаење дека ќе одговараат“, рече таа.
„Светот треба да продолжи да го признае Урутија како новоизбран претседател и да помогне да се отсече Мадуро од незаконски финансиски ресурси. Тие доаѓаат од трговија со нарко и дрога. Тие доаѓаат од илегално ископување и шверц… злато, па дури и трговија со луѓе“, додаде Мачадо.
„И европските земји можат да направат многу за да помогнат веднаш да се затворат тие текови“, рече Мачадо.
Од Златко Шумковски/МИА