Венецуела покренува истрага против одговорните за објавување на резултатите од изборите кои ги собра опозицијата

Каракас, 8 август 2024 (МИА) – Главниот обвинител на Венецуела, Тарек Саб изјави дека ќе отвори кривична истрага против лицата кои на Интернет ги објавија резултатите од претседателските избори во таа земја одржани на 28 јули, а кои ги собра опозицијата, а кои ги спорат официјалните резултати од изборите објавени од Државната изборна комисија.

Саб синоќа рече дека е одлучено да се покрене кривична истрага против одговорните за објавување на резултатите собрани од опозицијата и за одржување на веб-страницата на која се објавени тие резултати.

Обвинителот изјави дека одговорните ќе одговараат за фалсификување на јавни исправи и за заговор.

Претседателските избори во Венецуела се одржаа на 28 јули, а победата ја прогласија актуелниот претседател на Венецуела Николас Мадуро и кандидатот на опозицијата Едмундо Гонзалес, чија победа ја признаа САД.

Од Рената Пепељугоска/МИА

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава