15 октомври 2024 година, Измир, Турција – Во организација на Здружението на Македонците емигранти од Егејскиот дел на Македонија во Турција, денес во просториите на здружението се одржа промоција на книгата “Врановци – денови од минатото” од Исмаил Мејди.
Авторот Исмаил Мајди на книгата работел околу пет години, а во неа врз основа на сеопфатни истражувања евоцира спомени од културата и историјата на Македонците од Врановци во Македонија кои денес живеат во Турција.
Промотор на книгата беше претседателот на Здружението на Македонците емигранти од Егејскиот дел на Македонија во Турција, Мустафа Кемал Узункаја.
Светскиот Македонски Конгрес упатува искрени честитки за промоцијата на книгата “Врановци – денови од минатото” до авторот Исмаил Мејди, нека му се множат сведоштвата за нивните корени во Македонија, нека ги негуваат обичаите и традициите од Македонија.