Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Фудбал

А репрезентација жени: Русија подобра на двата натпревари во Струмица

ФОТО: ФФМ
Сподели

Македонската женска А репрезентација претрпе два порази од селекцијата на Русија на пријателските натпревари одиграни на стадионот „Младост“ во Струмица. Нашата репрезентација загуби со 0:2 на првиот меч, а Русинките со убедливи 5:0 славеа на вториот контролен натпревар.

Избраничките на селекторот Александар Андов одиграа сосема солидно на првиот натпревар. Полина Јукљаева во 11. минута го даде водечкиот гол за Русија, а дури во судиското надополнување, гостинките ја потврдија победата преку Залмиева.

Македонија: Викторија Панчурова, Ане Бошевска, Катерина Петкова, Павликна Николовска, Елена Панеска (Билјана Панеска), Бојана Петкова, Александра Марковска, Ева Величковска (Рабие Дервиши), Меланија Гроздановска (Јована Павловска), Ребека Симона Мајер, Илза Максути (Хава Мустафи);

- Advertisement -

Русија: Дудорова, Семјонова, Олексиук, Смирнова, Плешкова, Ишмухаметова, Шкалова, Залмиева, Жаркова, Јукљаева, Петухова.

На возвратниот натпревар, Русија славеше со убедливи 5:0.

Резултатот беше отворен во 15. минута. По центаршут од корнер, Марија Дурнова од непосредна близина со глава го погоди блискиот агол од голот на Панчурова. Тој погодок беше единствениот во првото полувреме.

Во вториот дел, Русинките постигнаа уште четири погодоци. Во 53. минута, Полина Јукљаева прими топка во центарот на шеснаесетникот, се сврте и прецизно ја погоди мрежата. Дванаесет минути подоцна, Буткевич продре по десната страна, додаде до Дарина Ишмухаметова, која ја смести топката во голот. Во 72. минута слична акција со прецизен удар ја заврши Глафира Жукова, а точка на натпреварот стави повторно Ишмухаметова, која во судиското продолжение беше сигурна реализаторка од пенал и го запиша својот втор гол.

Македонија: Викторија Панчурова, Ане Бошевска, Катерина Петкова, Павликна Николовска (Слаѓана Ѓоргиева), Елена Панеска (Миа Головска), Бојана Петкова, Александра Марковска, Ева Величковска (Данче Карпузовска), Хава Мустафа, Ребека Симона Мајер (Меланија Гроздановска), Илза Максути (Билјана Панеска);

Русија: Таранченко, Буткевич, Олексиук, Дурнова, Шарифова, Залмиева, Шкалова, Ишмухаметова, Јукљаева, Долгова, Жукова.

Извор/Фото:www.ffm.mk

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Цени на горива
Преглед на актуелните цени на горивата и енергенсите како и приказ на историското движење на цените.
Автомобилизам
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Продажбата на билети за натпреварот Велс – Македонија отворена до понеделник

Шкотскиот Ренџерс постави рекорд на порази: 128 години негативна историја!

Видео архива: Кога Македонија постигна 11 погодоци на еден натпревар

Интер и Инѕаги продолжуваат до 2025 година

Пелистер „се разбуди“ во второто полувреме

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Фудбал

Милевски повика 26 фудбалери за Белгија и Казахстан

Фудбал

ФФМ: Истражување за јавна перцепција 2025 – висока доверба, стабилно раководство и јасна поддршка од јавноста

Фудбал

КОНКУРС за идејно решение за изработка на пехар за шампион на Македонија во ПРВА МФЛ

Фудбал

Трагедија на фудбалскиот терен: Тренерот на Раднички Крагуевац почина за време на натпреварот

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?