Интер и Инѕаги продолжуваат до 2025 година

Интер потврди дека ја продолжуваат соработката со Симоне Инѕаги до јуни 2025 година.

Актуелниот договор на Инѕаги со Интер истекуваше по крајот на оваа сезона, а нероазурите се задоволни од неговата работа па тој ќе биде тренер и во наредната.

„Интер со задоволство може да соопшти дека Симоне Инѕаги потпиша нов договор со клубот со кој ќе остане како главен тренер до јуни 2025 година“, стои во соопштението на клубот.

 

 

За повеќе спортски содржини посетете го сајтот 24fudbal.mk.

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава