Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Македонија

АХВ: Превентивно затворена сендвичарница во скопски Аеродром

Сподели

Скопје, 11 јули 2024 (МИА) – Сендвичарница во Аеродром е превентивно затворена по извршен инспекциски надзор, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство

По добиено  известување од ЈЗУ Центар за јавно здравје Скопје, за сомнеж за можно труење, инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство во координација и соработка со стручни лица од Центарот за јавно здравје, Институтот за јавно здравје и Државниот здравствен и санитарен инспекторат, вчера спровеле вонреден инспекциски надзор во сендвичарница во скопски Аеродром.

Основ за вонредната инспекциска контрола се пријавени девет случаи, од кои пет лица лабораториски потврдени со наод на Салмонела (Salmonella infection), три лица со гастроентероколитис (Gastroenterocolitis) и едно лице со Intoxicatio alimentaris (труење со храна).

- Advertisement -

При контролата констатирана е задоволителна санитарно – хигиенска состојба во објектот. Сосовите со мајонез и кечап, како и плескавици и пилешки стек се од сопствено производство кои се доставуваат до објектот со соодветно возило за транспорт, а редовно се воделе и записи за добра хигиенска и производствена пракса. Вработените лица утврдено е при вонредниот надзор, биле со уредни санитарни книшки.

За утврдување на причинителот на инфекциите, земени се пет мостри од храна и тоа мајонез, кечап, стек, плескавица и марула, четири бриса од работни површини и опрема, и три од вработените лица.

Издадено е решение за забрана за подготовка и послужување на храна се до добивање на негативни резултати, како превентива за можно ширење на заразата, спроведување на вонредни санитарни прегледи,темелно механичко и хемиско чистење.

АХВ информира и дека во координирана акција и соработка со припадници на Министерството за внатрешни работи (МВР), кај селото Мирковци, откриен е и спречен промет на свињи по потекло од Куманово. По спроведената контрола од страна на инспектор на АХВ, утврдено е дека свињите по потекло од Куманово, не се идентификувани согласно Законот за идентификација и регистрација, не се пропратени со сертификат за здравствена состојба на животните и нивниот промет се врши спротивно на член 58 од Законот за ветеринарно здравство и Решението за заштитни и контролни мерки во однос на болеста африканска чума кај свињите.

Согласно одредбите од Законот за ветеринарно здравство, а во врска со наредените мерки за заштита и контрола на оваа болест, животните се одземени, убиени и нештетно отстранети на товар на сопственикот на животните. Против сопственикот ќе биде поднесена соодветна прекршочна санкција.

Од Сашо Арсовски/МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Конвертор латиница <-> кирилица
Алатка за конвертирање на текст од латиница во кирилица и обратно
Образование
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Сончево и стабилно време до петок, за викенд облачност и врнежи

Камион и два автомобили учествуваа во сообраќајка – патот кон Делчево е затворен во двата правца

Тафталиџе 1 добива нова модерна градинка

ДУИ: Премиерот Мицкоски треба да објасни зошто го крши Уставот, а не да создава имагинарни непријатели

Кривичен суд: Судењето за убиството на Вања и Панче започнува на 4 септември

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Македонија

МВР: Над 252.000 парчиња пиротехника запленети во 2025 – „Пиротехниката не е забава, туку сериозна опасност“

Локално

Планирани прекини на електрична енергија во Прилеп и Охрид

Локално

Покана за седница на Совет на Општина Карпош

Локално

7 декември: Втора масовна акција за пошумување „Да пуштиме корени во нашата Гевгелија“

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?