Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Македонија

АХВ времено ја затвори кујната на угостителскиот објект во Гостивар по пријавите на труење со храна

Сподели

Скопје, 14 јули 2024 (МИА) – Од страна на инспекциските служби времено е затворена кујната на пицеријата ресторан во Гостивар, до добивање на резултатите од земените примероци за лабораториско испитување по информацијата дека вчера девет лица со симптоми за труење со храна се примени во Болницата во Гостивар.

– Согласно Упатството за постапување по алиментарни интоксикации, земени се мостри за лабораториско испитување од инкриминараната храна (пилешки стек, свежа марула и мајонез) и брисеви од работните површини, опремата и приборот и од вработените лица. На операторот со храна наредени му се превентивни мерки за темелно механичко и хемиско чистење на објектот, опремата и приборот, вонредна дезинфекција и вршење на вонредни санитарни прегледи на вработените лица, посочуваат од Агенцијата за храна и ветеринарство.

АХВ апелира во услови на високи надворешни темеператури, операторите и
потрошувачите да внимаваат на безбедноста на храната со цел, како што велат, спречување на ризици од појава на можно труење со храна.

- Advertisement -

Во функција е ставена бесплатната телефонска линија за потрошувачите 0800 3 22 22
каде може да се пријави секој сомнеж поврзан со безбедноста на храната. Претставка граѓаните може да поднесат и лично во Агенцијата, или во нејзините подрачни единици, како и електронски на info@fva.gov.mk.

Вкупно девет лица вчера биле згрижени во Инфективното одделение во гостиварската Болница, со симптоми на труење. По дадената терапија сите се испратени дома и нема потешки случаи.

Дежурниот лекар во Одделението за МИА информираше дека синоќа во периодот од 22 часот до полноќ биле примени пациенти на помлада возраст кои претходно се јавиле во Брза помош.

– Сите се жалеа на повраќање, дијареја и изнемоштеност. По направените анализи на крвта и прегледите им беше дадена соодветна терапија и се пуштени на домашно лекување, изјави инфектологот Ратко Наумоски.

Од Фатиме Фазљији/МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Радио станици
Слушајте радио станици од Македонија и Светот.
Забава
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Тошковски: Со САД заедно кон подобрување на реформите во МВР

Мицкоски: 250 евра за студентите за набавка на електронски уреди од септември

Каракашев: Производната цена на пченицата чини неполни 14 денари, не сме задоволни

Родина положи цвеќе по повод Денот на победата над фашизмот

Семејно насилство во Македонска Каменица: Уапсен 51-годишен маж поради напад врз сопругата

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Македонија

18 години без Петре М. Андреевски – неговите дела живеат во вечноста!

Хроника

Приведена скопјанка, претрес во Карпош, пронајдена дрога

Локално

Започна постапка за јавна набавка за изградба на главен колектор од село Моштица до Македонска Каменица

Локално

Топол почеток на учебната година – Општина Крива Паланка со поддршка од 3000 денари за секое прваче

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?