Со посета на сајтот се сложувате со нашата Политика на приватност, заштита на податоци и колачиња
Accept
Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Notification Show More
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
  • Дијаспора
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
Reading: Анкета: Дури 63 отсто од Украинците се против избори додека војната не заврши
Share
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
  • Дијаспора
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
Follow US
Home » Blog » Анкета: Дури 63 отсто од Украинците се против избори додека војната не заврши
Свет

Анкета: Дури 63 отсто од Украинците се против избори додека војната не заврши

20.02.2025
Share
SHARE

Киев, 20 февруари 2025 (МИА) – Податоците од најновата анкета на Социолошкиот центар „Социс“, направена во февруари 2025 година, покажа дека 63 отсто од Украинците се против одржување какви било избори додека не заврши војната, пренесе „Украинска правда“.

„Помалку од еден отсто од испитаниците поддржуваат одржување само претседателски избори, околу три отсто се за реизбор само на Врховната Рада (украинскиот Парламент), а уште 29 отсто сакаат истовремено да ги изберат Радата и шефот на државата. Но, повеќе од 63 отсто се против какви било избори додека не заврши војната.

Како што пишува украинскиот портал, претседателот Володимир Зеленски изјавил дека е подготвен да разговара за избори во земјата, но Украинците не сакаат поради загриженоста дека укинувањето на вонредната состојба може да ја ослаби одбраната на земјата.

Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп, давајќи изјави за новинарите во Мар-а-Лаго, рече дека ги поддржува барањата на Русија за претседателски избори во Украина, бидејќи, наводно, поддршката за украинскиот лидер паднала на четири отсто.

Украинскиот претседател изјави дека Трамп станал жртва на руските дезинформации. Потоа, Трамп го нарече Зеленски диктатор и рече дека мора брзо да дејствува доколку сака  Украина да опстане како земја. Американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс изјави дека изборите во Украина мора да се одржат и дека тие сега се дел од американската политика.

Од Сашко Димевски/МИА

You Might Also Like

И Русија и Украина извршија напади врз воени аеродроми

Трамп: Спречивме нуклеарен конфликт меѓу Индија и Пакистан

Трамп: Да беше Бајден на власт, ќе започнеше Третата светска војна

Трамп би сакал да избегне воведување царини за Кина

Макрон за изјавата на Трамп дека ќе воведе царини: ЕУ е сојузник, а не проблем на Америка

Share This Article
Facebook Twitter Telegram Email Copy Link Print
Share
What do you think?
Love0
Sad0
Happy0
Surprise0
Angry0
Dead0
Wink0

ПОПУЛАРНО

Балкан

Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Викендот во Делчево на еден татко
„Македонецот“ – полски документарен филм посветен за децата-бегалци од Егејска Македонија
Еден ден и јас ќе го фрлам зарот и фереџето

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mkЗабрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Македонија ДенесМакедонија Денес
© 2024 Македонија Денес. Сите права се задржани.
- Advertisement -
Ad image
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?