Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Дијаспора и МНМ

Апел за масовно попишување на Македонците од областа Гора, Призренска Жупа и цело Косово

Сподели
5 април 2024 година, Драгаш, Косово – Светскиот Македонски Конгрес (СМК) упатува јавен повик до Македонците во областа Гора, Призренска Жупа и цело Косово, на пописот на населението од 5 април до 17 мај годинава да се попишат како Македонци, со мајчин Македонски јазик, вероисповед муслимани.
Апел за масовно попишување на Македонците од областа Гора, Призренска Жупа и цело КосовоСМК потсетува дека, Македонија во 2001 година издаде околу 15.000 македонски државјанства во областа Гора, Призренска Жупа и цело Косово, врз основа на своерачно потпишани изјави на месните жители дека се етнички Македонци кои го говорат Македонскиот јазик!
Жителите на областа Гора и Призренска Жупа, не се ништо друго, освен етнички Македонци, независно дури и од албанизацијата во некои села на Призренска Жупа!
СМК, исто така, потсетува дека, Македонија во 2001 година им издаде македонско државјанство на сите Македонци од областа Гора, Призренска Жупа и цело Косово, кои после дисолуцијата на поранешна СФР Југославија се затекнаа на територијата на државата Македонија, односно имаа живеалиште и престојувалиште во Македонија!
Македонците од областа Гора, Призренска Жупа и цело Косово се неотуѓив, нераскинлив и неотстапен дел од Македонскиот народ!
СМК ја осудува Владата во Софија, која врши агресија врз Македонците во областа Гора и Призренска Жупа, на Косово, во намерите на престојниот попис да се попишат како етнички Бугари.
СМК декларира дека етнички Бугари на Косово никогаш во неговата историја немало, нема, ниту ќе има, како што ги нема ниту во Албанија и Македонија!
СМК потсетува дека Македонците од областа Гора, Призренска Жупа и цело Косово не се ниту етнички Бошњаци.
Пописот на Косово требаше да се одржи во септември 2023 година, па се одложи за 1 ноември 2023 година, за крај Владата на Косово одлучи пописот да се одржи од 5 април до 17 мај 2024 година заради спроведување на принципите на Евростат.
Последниот попис во Косово беше спроведен во 2011 година, со проценки дека вкупното население е околу 1,8 милиони. Жителите на северните косовски општини Лепосавиќ, Зубин Поток, Звечан и Северна Митровица не беа вклучени во овој попис, бидејќи Србите го бојкотираа.

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Информативен калкулатор за пресметка на данок на моторни возила
Информативен калкулатор за пресметка на данок на моторни возила
Автомобилизам
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Втора македонска вечер во Москва

Општина Пустец доби донација од Јапонската амбасада

Во Тирана промовиран Фото албум „Народни носии на македонското национално малцинство во Република Албанија“ (ФОТО)

СМК: Сочувство за 17-годишниот Стивен Ивановски

СМК бара враќање на украденото македонско културно-историско наследство

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Дијаспора и МНМ

Македонците во Финска ќе ја прослават Василица со традиционална вечер во Еспоо

Дијаспора и МНМ

Општина Пустец пример за транспарентност меѓу општините во Албанија

Дијаспора и МНМ

Бројките за македонското национално малцинство се манипулирани и претставуваат груб пописен фалсификат!

Дијаспора и МНМ

Се бара итно апсење на Зоран Заев

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?