Во возбудлива финална вечер, исполнета со спортска енергија и навивачки дух, Работничките спортски игри 2026 официјално завршија во преполната спортска сала „Македонски бранители“ во Берово. Екипата на Армијата на Република Македонија (АРМ) се закити со титулата победник, демонстрирајќи извонредна борбеност и тимска координација.
Натпреварите беа исполнети со фер игра и пријатна атмосфера, а сите учесници покажаа исклучителна посветеност на спортот. Второто место му припадна на екипата составена од приватни фирми и угостители, додека третото место го освоија претставниците на образованието.
Покрај екипните награди, беа доделени и индивидуални признанија за најдобрите учесници. Кире Вагадински беше прогласен за најдобар голман, додека Петар Пачарски ја доби титулата најдобар играч. Александар Мишовски се истакна како најдобар стрелец, а признанието за ветеран на игрите му припадна на Ѓорѓи Црневски.
За поддршката и успешната реализација на овој настан, организаторите им доделија благодарници на ЈЗУ Здравствен дом Берово, Ацо Русковски, ПС од ОН Берово и ТППЕ Берово.
Работничките спортски игри и оваа година потврдија дека спортот е вистински начин за создавање на убави заеднички моменти, зајакнување на тимскиот дух и дружење во локалната заедница.



