Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Религија

Бадник – ден за молитва и за духовна радост

06.01.2026 00:51
Сподели

Во пресрет на  претстојното светло Божикно празненство, со особена љубов и грижа, наоѓаме за полезно уште еднаш да се навратиме на длабокото духовно значење на денот Бадник, како благословено време на бдеење и внатрешна подготовка за тајната на Воплотувањето на Синот Божји, Господ наш Исус Христос.

Бадник не е обичен ден во низата празнични датуми, ниту пак само надворешен, фолклорен обичај што механички се повторува од година во година. Тој не ѝ припаѓа првенствено на фолклорот и етнографијата, туку на живото предание на Црквата Божја. Неговото вистинско значење не се исцрпува во формите и обичаите, туку се открива во длабочината на духовното искуство на православниот народ, кој низ вековите научил дека големите тајни Божји се дочекуваат со молитвена смерност, со пост и со внатрешна подготовка.

Бадник е свештен момент на исчекување со духовно веселие, со смирување на срцето, со собирање и трезвеност на помислите и со свесно стоење пред најголемата тајна на домостројот на спасението – Раѓањето во плот на Словото Божјо. Тој претставува духовен праг меѓу очекувањето и исполнувањето, меѓу ветувањето и неговото остварување. Затоа Црквата го поставила Бадник како време на конечна подготовка, за човекот, очистувајќи се од расеаноста и од надворешната врева, да може со будна душа и со трепетно срце да ја прими благата вест дека Бог слегува кај човекот, за човекот да се воздигне кон Бога.

Банер Банер BrandEcho

Самото име Бадник произлегува од зборот бдеење – будна ноќ, ноќ во која не се спие, туку со молитва, псалмопение и тивка радост се очекува зората на спасението. Тоа е ноќ на внатрешно собирање, на очистување на умот и срцето, на духовна трезвеност, во која верниот човек учествува во благодатта на Рождеството.

Неопходно е да се знае и да се помни дека Бадник како ден сè уште му припаѓа на времето на постот и следствено, не е главниот празник, ниту повод за гоштавки. Тоа е последниот и најсветол праг пред Празникот. Затоа, духот на овој ден не е во раскошни јадења, мрсна трпеза, бучни прослави, концерти и игранки со световна музика. Таквите пројави не му прилегаат на денот на смиреното очекување на Христа, Кој се раѓа во пештера, во скромност и сиромаштво.

Ad image

Бадник е ден на воздржание, на умереност и на достоинство. Ден кога се живее едноставно, кога трпезата е скромна, а срцето отворено за милосрдие кон оние што имаат потреба. Ден кога радоста е внатрешна, тивка и длабока, а не еуфорична и наметлива.

Во овој ден Црквата ја благословува убавата и древна традиција на божикните каланди. Со нив, најмладите, но исто така и возрасните, не прават забава во световна смисла, туку возвестување на радосната вест по улиците и домовите. Тие не пеат за да се разонодат, туку за да благовестат: дека Христос се раѓа, дека Спасителот доаѓа, дека ноќта е осветлена од Невечерната Светлина. Каландите се еден своевиден повик до секое срце да се разбуди, и повик до секој дом да се упати кон храмот, на богослужбеното славење на Рождеството Христово.

Зашто Божик не е настан што се „слави“ дома, туку свештено таинство што се живее во Црквата, во заедничката молитва во храмот, во светата Литургија, во причестувањето со Телото и Крвта Христови.

Затоа, Бадник да го празнуваме онака како што му прилега: со молитвена тихост, со бдеење, со славословие, со пост, со каланди исполнети со благовест, и со жед за храмот Божји. Само така Бадник ќе нè воведе во вистинската радост на Божик – радост што не поминува, бидејќи се раѓа од Христос, Кој се раѓа заради нас и заради нашето спасение.

Добар Божик на сите!

ИЗВОР: bigorski.org.mk

 

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Радио станици
Слушајте радио станици од Македонија и Светот.
Забава
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Папа Лав Четиринаесетти: Момент е за дијалог и градење мостови

Денес православните верници го празнуваат Св. Архангел Михаил – заштитникот, војводата на небесните сили и еден од најчестите семејни празници

Папата Франциск ја осуди маргинализацијата на болните

Востоличен Митрополитот Крушевски и Демирхисарски г. Јован

Соопштение на Бигорскиот Манастир за Богојавление

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Религија

Денеска е Свети Никола – најпразнуваната домашна слава во Македонија

Религија

Осветен храм на Свети Софрониј Атонски во Англија

Религија

Порака на Реисул Улема Х. Хфз. Шаќир Еф. Фетаи во пресрет на месецот Рамазан

Религија

Папата Лав Четиринаесетти е подготвен да посредува меѓу завојуваните земји во светот

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?