Башкими го обезбеди првиот триумф по враќањето во Првата лига откако го совлада Работнички на Националната Арена славејќи со 0:2.
Лука Робакидзе во 36. минута си постигна автогол, а Ресуљ Мемети погоди во 78. минута за 0-2.
Работнички имаше поголем посед на топка, имаше и шанси, но Башкими постигна два гола и освои три бода.
Во 13. минута прва голема шанса за Работнички. Далеј од левата страна подготви можност за Калани Алмеида, тој шутираше од работ на шеснаесетникот, а Личина спаси сигурен гол, блокирајќи ја топката на патот кон мрежата.
Во 32. минута се закани Башкими со удар од далечина. Шутираше Иса Адекунле, но крај голот на Васко Василев.
Потоа дојде водството за гостите во 36. минута. По една мешаница во шеснаесетникот, топката од дирекот се одби до Робакидзе, а тој несреќно си постигна автогол во 36. минута.
Во 42. минута повторно во шанса беше Калани Алмеида, но голманот Амир Јашар успеа да одбрани и исфрли во корнер.
Кристоџеј Далеј во 55. минута шутираше од 18 метри, но Јашар исфрли во корнер.
Работнички продолжи да напаѓа. Во 64. минута, Теодор Николовски шутираше од 18 метри, но Амир Јашар повторно одбрани.
Марко Симоновски возврати со удар со глава една минута подоцна, беше за малку непрецизен.
Башкими постигна втор гол и го реши мњчот во 78. минута. Ресуљ Мемети успеа да ја затресе мрежата на Васко Василев.
Извор/Фото:www.ffm.mk

