Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска ќе има привремен прекин во снабдувањето со електрична енергија во дел од Општина Карпош.
Без струја, во периодот од 10:00 до 12:00 часот, ќе останат корисниците на дел од улицата „Ловќенска“, поради планирани работи и зафати на електродистрибутивната мрежа.
Од компанијата посочуваат дека интервенцијата е неопходна за подобрување на сигурноста на електроснабдувањето.

