Семејна драма со трагичен епилог – убиено малолетно дете и татко во Прилеп, напаѓачот се самоубил

Крвава семејна трагедија го потресе Прилеп доцна синоќа, откако заложничка драма заврши со тројно убиство. Според првичните информации, вујко ги застрелал својот малолетен внук и неговиот татко – инаку зет на напаѓачот – во нивниот дом во една од прилепските населби.

Очевидци и медиуми пренесуваат дека напаѓачот, освен со огнено оружје, фрлил и експлозивна направа, а пукал и кон пристигнатите полициски сили. Драмата траела со часови, а завршила по полноќ, кога напаѓачот си го одзел животот.

Мотивите за овој брутален чин сè уште не се познати, а се очекуваат официјални информации и детали од Министерството за внатрешни работи и Обвинителството во текот на денот. Прилеп е во шок, а јавноста бара итно расветлување на случајот и поддршка за преживеаните членови на семејството.

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава