Во велешката полиција маж пријавил дека бил нападнат од жената, по половина час и жената пријавила дека била нападната од мажот

ФОТО: МВР

Велес, 14 август 2024 (МИА) – Во велешката полиција, 36 – годишник од Велес синоќа во 21:30 часот  пријавил дека  во семејната куќа, по претходна расправија, бил физички нападнат од неговата 41- годишна сопруга.

Околу 22:00 часот и 41- годишната жена пријавила дека во домот била физички нападнат од 36- годишниот сопруг,информира утрово Татјана Ѓуровска од СВР Велес.

За настанот бил запознаен јавен обвинител и Центарот за социјални работи и по негово целосно документирање ќе следува соодветна пријава, најавија од СВР Велес.

Од Антоанела Димитриевска, Велес Извор МИА

Сподели ја оваа објава