Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Локално

Дел од Скопје денеска без струја поради технички зафати во мрежата

03.11.2025 07:58
Сподели

Делови од неколку скопски општини денеска ќе останат без електрична енергија поради технички зафати во електроенергетската мрежа, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, повикувајќи се на информација од ЕВН Македонија.

Од 8 до 14 часот без струја ќе бидат корисниците од делови на селото Долно Лисиче во општина Аеродром, а од 8:30 до 12:30 часот прекин е најавен и за дел од улицата „Димче Милошевски“ во општина Гази Баба.

Прекин на електрична енергија ќе има и во други делови од градот. Во периодот од 9 до 12 часот без напојување ќе останат корисниците на дел од улицата „1“ во село Сопиште, а од 9 до 13 часот струја ќе нема на дел од улицата „Димитар Мирсачев“ во општина Кисела Вода.

Банер

Најдолгиот прекин е најавен во општина Карпош, каде што од 9 до 15 часот без електрична енергија ќе останат објектите лоцирани во околината на улицата „Леринска“ број 3.

Од Регионалниот центар апелираат граѓаните да бидат внимателни при користење на електрични уреди и да ги планираат своите активности во согласност со најавените прекини, кои, како што се наведува, се дел од редовното одржување и унапредување на електродистрибутивната мрежа.

Ad image

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Подкасти
Директориум на македонски подкасти.
Забава
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Општина Велес: Се асфалтира дел од регионалниот пат кон населба Превалец

Општина Карпош: Заврши есенската дератизација

Дојран: Привршува изградбата на новата и модерна пречистителна станица

Карпош: Општината приморана сама да се погрижи за спортска сала „Партизан“

Прекинот на водоснабдувањето во Бутел поради дефект

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Локално

Општина Битола: Реконструкција на улица „16“

Локално

Заврши санацијата на регионалниот пат кон Пехчево

Локално

Буџетот на Општина Гевгелија за 2026 година изнесува околу 14,4 милиони евра

Локално

Прекин во водоснабдувањето за корисниците на ул. „Никола Русински“ 2 и во Ракотинци

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?