Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Локално

Буџетот на Општина Гевгелија за 2026 година изнесува околу 14,4 милиони евра

29.12.2025 12:42
Сподели

Буџетот на Општина Гевгелија за 2026 година е утврден на вкупен износ од 887.172.293 денари. Одлуката за негово усвојување беше донесена со мнозинство гласови на првиот дел од 5. седница на Советот на Општина Гевгелија.

Приходите на Основниот буџет учествуваат со 446.289.554,00 денари или 50,30 проценти од вкупниот буџет, од кои редовните приходи на општината се планирани во износ од 290.668.217,00 денари, додека капиталните приходи од Буџетот на Република Македонија изнесуваат 155.621.337,00 денари или 34,87 проценти. Приходите од дотации се планирани во износ од 388.210.101,00 денари или 43,76 проценти, приходите од донации изнесуваат 29.947.638,00 денари или 3,38 проценти, а приходите од самофинансирачки активности се предвидени во износ од 22.725.000,00 денари и учествуваат со 2,56 проценти во вкупните приходи.

Во вкупната структура, даночните приходи се планирани во износ од 210.307.508,00 денари, што претставува 23,71 проценти, неданочните приходи изнесуваат 25.729.000,00 денари или 2,90 проценти, капиталните приходи се планирани на 28.650.000,00 денари или 3,26 проценти, додека 70,16 проценти или 622.485.785,00 денари припаѓаат на трансфери и донации.

Банер Банер BrandEcho

Во билансот на приходи на Основниот буџет, даночните приходи се планирани на 210.307.508,00 или 47,12%, неданочните приходи учествуваат со 3.850.000,00 или 0,87 проценти. Додека, со 6,42 процени или 28.650.000,00 денари учестуваат капиталните прходи, а 45,59 проценти припаѓаат на трансферите и донациите или 203.482.046,00 денари.

Вкупните расходи во Основниот буџет изнесуваат 446.289.554 денари и се распределени така што за плати и надоместоци се планирани 66.479.220,00 денари, додека за стоки и услуги се наменети 78.830.100,00 денари. За субвенции и трансфери се предвидени 65.314.851,00 денар, за каматни плаќања се издвоени 4.300.000,00 денари, а за отплата на главница се планирани 16.256.019,00 денари. Капиталните расходи изнесуваат 214.409.364,00 денари или 48,04 проценти од вкупните расходи во Основниот буџет. За резерви и недефинирани расходи се предвидени 700.000,00 денари.

Со усвојувањето на Буџетот за 2026 година, Советот на Општина Гевгелија обезбеди стабилна финансиска рамка за реализација на тековните обврски и капиталните инвестиции, со фокус на одржлив локален развој и унапредување на квалитетот на живот на граѓаните. Во таа насока, градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, потенцира:

– Изминатите четири години, во рамки на моето работење, буџетот претставуваше клучен документ и патоказ за континуиран развој, како и одговорно, транспарентно и стабилно управување со јавните средства. Водејќи се од тоа дека буџетот припаѓа на секој од нас, процесот на донесување вклучува одговорно планирање и активна вклученост на граѓаните, за што упатувам искрена благодарност до секој поединец кој даде придонес во неговото креирање.

Притоа, Градоначалникот ја нагласи реализацијата на новите приоритети во Буџетот за 2026 година:

– Како резултат на нашето успешно работење и одличната реализација во изминатите три години, буџетот е зголемен, но пред сè реално проектиран и ќе го продолжи континуитетот за развој на Општина Гевгелија, а притоа ќе значи и директна грижа за граѓаните. Со Буџетот за 2026 година ставаме фокус на вложувања во трајни и одржливи решенија. За нормално функционирање, организација на бројни настани, како и промоција и афирмација на градот, продолжуваме со поддршка кон здруженијата на граѓани, спортски и културни друштва, како и граѓански организации кои се носители на ваквите активности. Како локална самоуправа, остануваме цврсто посветени на визијата за Гевгелија како урбана, модерна и економски стабилна општина.

Извор:gevgelija.gov.mk

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Колку ти е здрав работниот ден?
Колку ти е здрав работниот ден?
Здравје
Отвори →

Може ќе ви се допадне

ПРОМОВИРАНИ ПЛИВАЧИТЕ НА 38.ОХРИДСКИ ПЛИВАЧКИ МАРАТОН

Маскенбал 2026: Улиците на Неготино се исполнија со боја и креативност

Општина Илинден ќе го одбележи патрониот празник „Илинден“

5 ноември: Годишна изложба на ДЛУГ по повод Општинскиот празник, 7 Ноември

Планирани прекини на електрична енергија во Прилеп и Охрид

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Локално

Општина Ѓорче Петров воведува услуга за поддршка на изнемоштени и болни лица

Локално

11 ноември: Балетски концерт „Моќта на танцовата уметност“

Локално

Покана за седница на Совет на Општина Карпош

Локално

Смарт-Делчево нова дигитална алатка за поголема транспарентност и ефикасност на Општина Делчево

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?