Со посета на сајтот се сложувате со нашата Политика на приватност, заштита на податоци и колачиња
Accept
Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Notification Show More
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
  • Дијаспора
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
Reading: Карпош: Општината приморана сама да се погрижи за спортска сала „Партизан“
Share
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
  • Дијаспора
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
Follow US
Home » Blog » Карпош: Општината приморана сама да се погрижи за спортска сала „Партизан“
Локално

Карпош: Општината приморана сама да се погрижи за спортска сала „Партизан“

25.03.2025
Share
SHARE

Покрај тоа што Агенцијата за млади и спорт најавуваше дека ќе и ја предаде на Општина Карпош култната сала „Партизан“, како сосема нов, современо реконструиран и целосно опремен спортски објект, сепак очекувањата не се исполнија во целост. По тој повод градоначалникот Стевчо Јакимовски, денеска направи обиколка на објектот, каде годинава за првпат основците од Карпош ќе ја користат оваа сала, во рамки на пролетниот дел од училишните спортски лиги во кошарка и одбојка, кои традиционално ги организира Општината.

„За жал, можам само да констатирам дека Агенцијата за млади и спорт ни ја даде спортскава сала буквално празна, без било каков реквизит. Долго време разговаравме и со претходното раководство како и со сегашниот министер за спорт, но без успех. Затоа, ние како локална самоуправа распишавме тендер и со 1.060.000 денари купивме два нови централни кошови, фудбалски голови, мрежа за одбојка, рипстоли, ги опремивме соблекувалните со нови клупи и други реквизити. Во исто време морам да кажам дека имаме делови од објектот каде веќе се појави и влага, што значи дека салата е изработена неквалитетно. За ова го известивме и сегашниот министер за спорт, но оттаму немаме никаков одговор“ – посочи Јакимовски.

Тој напомена дека спортската сала нема вистински услови да функционира од аспект на тоа што објектот не е приклучен на никаков систем за греење, а не се обезбедени ни радијатори ниту пак други грејни тела.

„Во ситуацијава, никој не нѐ прашува дали Општината има пари за оваа намена или нема. Сепак ние како институција ќе мора самите да најдеме решение и да ги обезбедиме тие дополнителни средства. Но, она што за нас е особено важно е изведувачот кој го реконструирал објектот, да го остави во состојба да биде одржлив барем во наредните три до четири години. Тоа значи, да не протекува вода во објектот и да не се појавува влага, каква што е состојбата во случајов. А пак да не зборувам за базенот во рамки на спортскиов центар, кој веќе неколку години стои недовршен“ – додаде Јакимовски.

 

You Might Also Like

Дојран: Привршува изградбата на новата и модерна пречистителна станица

Герасимовски: Отстранети 130 хаварисани возила, го ослободуваме јавниот простор

Без вода корисниците на ул. „Букурешка“

Без вода дел од корисниците во општина Бутел

Гази Баба: Учесник во “REAL EXPO 2023” во Сараево

Share This Article
Facebook Twitter Telegram Email Copy Link Print
Share
What do you think?
Love0
Sad0
Happy0
Surprise0
Angry0
Dead0
Wink0

ПОПУЛАРНО

Балкан

Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Викендот во Делчево на еден татко
„Македонецот“ – полски документарен филм посветен за децата-бегалци од Егејска Македонија
Еден ден и јас ќе го фрлам зарот и фереџето

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mkЗабрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Македонија ДенесМакедонија Денес
© 2024 Македонија Денес. Сите права се задржани.
- Advertisement -
Ad image
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?