Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Македонија

Доживотен затвор за кавадарчанецот што го уби својот брат

29.12.2025 16:32
Сподели

Основниот суд во Кавадарци му изрече доживотна казна затвор на 43-годишниот С. И. од Кавадарци, кој беше прогласен за виновен за убиството на својот помлад брат, извршено на денот на роденденот на жртвата. Обвинетиот ја признал вината, по што Кривичниот совет му ја изрече најстрогата казна предвидена со закон – доживотен затвор.

Осудениот ќе остане во притвор до започнувањето на издржувањето на затворската казна. Против пресудата е дозволена жалба во законски предвидениот рок.

С. И. е огласен за виновен за кривично дело Убиство, согласно член 123 став 2 точка 4 од Кривичниот законик, кое опфаќа лишување од живот од користољубие, безобѕирна одмазда или други ниски побуди, за што е предвидена најтешката казна – доживотен затвор.

Банер

Според обвинението, на 27 јули годинава, мотивиран од користољубие, обвинетиот го лишил од живот својот помлад брат И. И. (42), со кого живеел во исто домаќинство. Инцидентот се случил по вербална расправија, откако обвинетиот се посомневал дека брат му има намера да го присвои целиот имот.

Во налет на гнев, С. И. го удрил братот по главата со тапиот метален дел од тесла. Откако жртвата паднала на подот, обвинетиот му задал уште два удари со истото орудие, нанесувајќи му смртоносни повреди на самото место.

Ad image

По убиството, обвинетиот го напуштил домот, а наредниот ден повторно се вратил и телото го пренел во бањата. Во следните денови, со цел да го прикрие злосторството, тој во повеќе наврати се враќал во куќата, ја чистел крвта од подот и предметите, по што телото го преместил во шупа во дворот, каде што го закопал во ископан ров и го покрил со шперплоча и други предмети.

Во периодот од 30 јули до 5 август, кога телото било откриено, обвинетиот во повеќе наврати подигал пари користејќи ја банкарската картичка на жртвата.

Исчезнувањето на И. И. било пријавено во СВР Кавадарци од страна на неговата сестра, која неколку дена безуспешно се обидувала да стапи во контакт со него. Истот ден, таа и нејзиниот сопруг забележале свеж ископ со растресита земја во помошен објект во дворот на семејната куќа, што предизвикало сомнеж дека исчезнатиот е закопан на тоа место.

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за електрична енергија
Пресметај колкав износ за електрична енергија ќе платиш според потрошувачка.
Финансии
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Известување до јавноста: Локации и организациски насоки за „Пастармалијада 2025“

Органското производство во 2024: Намалена површина, но раст кај дел од сточарството и пчеларството

Општина Велес ги награди најуспешните за 2025 година

Кражба на тротинет – девојка остана без чанта среде Скопје

Македонија на удар на африкански топлотен бран: Температури до 42°C и опасност од пожари

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Хроника

77-годишен маж од САД починал во хотелска соба во Тетово – обдукција ќе ја открие вистината

Локално

Марко Цепенков оживеа во Гевгелија: Изложба на материјална култура и фолклор

Хроника

Приведен делчевец поради одземање телевизор и клучеви од куќа

ОЈО донесе наредба за спроведување истрага против 40-годишникот во чиј дом беа најдени малолетните лица

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?