Приведен делчевец поради одземање телевизор и клучеви од куќа

Полициски службеници од ОВР Делчево на 3 март 2026 година во 16:30 часот го лишиле од слобода С.В. (49) од Делчево, поради сомнение за насилно однесување и одземање предмети.

Според пријавеното, околу 15:00 часот тој отишол во домот на М.К. (37) од Делчево, каде поради нерасчистени должничко-доверителски односи почнал агресивно да се однесува кон неговата 35-годишна невенчана сопруга.

Во текот на инцидентот, С.В. со употреба на сила одзел телевизор и клучеви од куќата.

По интервенција на полицијата, одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопствениците.

Од полицијата информираат дека по целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава