ДРУГА ЗЕМЈА НИЕ НЕМАМЕ
Тешко време, јадовно, земјо ми те надвило.
Луѓе ти раселени, древни куќи ти разурнати.
Цркви и манастири, ечат од нив уште камбани.
Лета сокол, надлета жална Македонија,
дробни солзи пророси кога виде луѓе скорнати,
еј, од својте прагови, сега пусти и разурнати.
Друга земја не, ние немаме,
ниту други камбани.
Пак ќе дојде ден, ќе се издигне
Лешочкиот, славен манастир.
Стегни срце ти, Македонијо,
сонце пак ќе огрее
и ќе забијат силно камбани
и над Шара и насекаде.
Соколе мој, соколе, можат да ни земат сѐ,
само не од душава, вечна љубов да ни откорнат.
Љубов, еј, за нашата мила мајка Македонија.
Друга земја не, ние немаме,
ниту други камбани.
Пак ќе дојде ден, ќе се издигне
Лешочкиот, славен манастир.
Стегни срце ти, Македонијо,
сонце пак ќе огрее
и ќе забијат силно камбани
и над Шара и насекаде.
Слободно летај, мој соколе!