Македонскиот музичар Ненад Вржалски денес го промовираше официјалниот видео запис за најновата песна “Душо моја”. Станува збор за емотивна композиција која носи силна љубовна порака, надополнета со визуелно впечатлив спот.
Видеото ја следи атмосферата на песната, со внимателно избрани кадри и приказна што дополнително ја доловува емоцијата која Вржалски ја пренесува преку својата интерпретација.
“Душо моја” кое веќе го привлекува вниманието на социјалните мрежи, се одликува со внимателно избрана естетика и кинематографија што ја доловува атмосферата на носталгија и страст.
Музиката и текстот се на Ненад Вржалски и Маријан Нечак, аранжманот на Зоран Стојановски и Ненад Вржалски, видео продукција на Матеј Милев.
▶ Случајно видео
Пробај ја и оваа алатка:



