Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Свет

Дуда: Светот не би ѝ простил на Русија за користење нуклеарно оружје, кој прв ќе го повлече ќе биде проколнат

26.09.2024 10:15
Сподели

Варшава, 26 септември 2024 (МИА) – Полскиот претседател Анджеј Дуда изјави дека заканата на Русија да го задржи правото на користење нуклеарно оружје не е ништо ново, но оти рускиот претседател Владимир Путин и неговите генерали многу добро знаат дека кој прв ќе посегне по атомска бомба прво ќе биде проколнат и светот никогаш не би ѝ го простил тоа на Русија.

– Ако на тоа гледаме ладнокрвно, без паника, треба да се каже дека (Путин) го повторува она што со години е запишано како руска воена доктрина, дека Русија го задржува правото да ги користи сите средства, очигледно и нуклеарното оружје, со кои располага во случај на опасност за Русија, рече Дуда синоќа за полската приватна телевизија ТВН24.

Коментирајќи ги последните закани дека Русија би можела да употреби нуклеарно оружје, полскиот претседател рече дека тоа не е ништо ново.

Банер Банер BrandEcho

– Меѓутоа, Владимир Путин знае совршено добро, како и неговите генерали, дека првиот што ќе употреби нуклеарно оружје ќе биде проколнат. Никогаш повеќе нема да се ослободи од таа одговорност ако употреби нуклеарно оружје. Дури и во најмала мера. Никогаш. Светот тоа нема да им го прости, рече полскиот претседател, кој престојува во Њујорк на заседанието на Генералното собрание на Обединетите нации.

Анджеј Дуда потсети дека кинескиот претседател Си Џинпинг јасно му рекол дека не може да замисли дека некој може да посегне по нуклеарно оружје.

Ad image

Полскиот претседател сепак оцени дека е сосема можно Русија да ги нападне украинските нуклеарни електрани со конвенционално оружје, како што изрази стравување претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

– Доколку Русија ги нападне нуклеарните електрани со проектили, опасноста би била голема. Се надевам дека тоа нема да се случи. Нема сомнеж дека во случај на сериозни информации, или недај Боже да почне таков напад, Меѓународната агенција за атомска енергија треба итно да интервенира, рече Дуда.

Полскиот претседател додаде и дека во САД го чека средба во поширок круг, каде најверојатно ќе биде и украинскиот претседател, со американскиот претседател Џозеф Бајден.

– Постојано настапувам со порака за поддршка за Украина. Таа војна може да заврши само со протерување на руската армија. Тоа значи дека руската армија ќе биде поразена. Украина мора да има инструменти за тоа, рече Дуда во интервјуто со дописникот на ТВН24 од САД.

Од Јасмина Тасевска/МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
NEW
Планирани прекини на електрична енергија
Приказ на планирани и непланирани прекини на електрична енергија
Останато
Отвори →

Може ќе ви се допадне

СЗО: Потребни се најмалку 10 милијарди долари за обнова на здравствениот систем во Газа

Украина ги врати телата на 909 загинати војници

Италија го ратификува договорот со Албанија за социјално осигурување, корист ќе имаат околу 500 илјади Албанци

Зеленски бара поддршка од Трамп и упатува порака до НАТО

Мексиканскиот Залив преименуван во американски за корисниците на Гугл мапс во САД

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Свет

Можно е ЕУ да ја укине визната либерализација за Грузијците доколку парламентарните избори не бидат фер и слободни

Свет

Зимбабве ја поддржува Куба во борбата против американскиот блокаден режим

Белгија ќе покани 120.000 млади лица да се пријават за доброволна воена служба

Венецуела покренува истрага против одговорните за објавување на резултатите од изборите кои ги собра опозицијата

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?