Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Македонија

Еден клик може да ве чини пари: МВР со сериозно предупредување

ФОТО: МВР
Сподели

Од Министерство за внатрешни работи алармираат дека во изминатиот период е регистрирано зголемување на фишинг напади, при што граѓаните се таргетираат преку лажни СМС пораки, електронска пошта, веб-страници и пораки на социјалните мрежи.

Според МВР, пораките најчесто се маскирани како известувања од банки, државни институции, поштенски служби или реномирани компании, со цел да се создаде лажно чувство на доверба. Крајната цел е измама на корисниците и прибирање на нивните лични или финансиски податоци.

Како најчест облик на измама се издвојуваат лажните СМС пораки за наводно пристигнати пратки од пошта, во кои примателите се повикуваат да кликнат на линк и да внесат лични податоци. Со посетување на овие лажни веб-страници, корисниците несвесно ги изложуваат своите податоци на злоупотреба, што може да резултира со финансиска штета или кражба на идентитет.

- Advertisement -

Од Секторот за компјутерски криминал информираат дека во текот на изминатата година се примени над 50 пријави поврзани со ваков тип на измами, а истрагите за откривање на сторителите се во тек.

Надлежните институции упатуваат апел до граѓаните да бидат исклучително внимателни при користење на интернет и дигитални услуги. Се препорачува да не се отвораат сомнителни линкови и пораки, никогаш да не се споделуваат податоци од банкарски картички, лозинки или лични идентификатори, како и секогаш да се проверува адресата на испраќачот – официјалните институции користат службени домени.

Дополнително, се советува користење на двофакторска автентикација (2FA) за поголема заштита на корисничките сметки и итно пријавување на сомнителни пораки кај надлежните институции или во банките.

Од МВР порачуваат дека активностите за откривање и санкционирање на кибер-измамите продолжуваат, а граѓаните се клучниот фактор во спречувањето на вакви злоупотреби преку внимателно и одговорно однесување во дигиталниот простор.

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Колку ти е здрав работниот ден?
Колку ти е здрав работниот ден?
Здравје
Отвори →

Може ќе ви се допадне

ДУИ со листа за совет на Општина Карпош

На автопатот Тетово-Скопје животот го загуби 24 годишен возач од Свети Николе

Еден осомничен за обид за изнуда и закани кон градоначалник

Шесто издание на Меѓународен фолклорен фестивал во Куманово

Дел од Ѓорче Петров денеска шест часа без струја

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Македонија

Полицаец во скандал: Уапсен за кражба на бакарни кабли!

Хроника

Трагедија на „Народен фронт“: Пешак загина, МВР трага по возачот

Локално

Тридневна жалост во Македонска Каменица по смртта на Симона Каранфиловска

Македонија

Кражба во „Света Богородица“: Полицијата го фати осомничениот со украдени пари

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?