Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Свет

Европарламентот го одобри новиот план за поддршка на Молдавија

Сподели

Брисел, 11 март 2025 (МИА) – Европскиот парламент денеска даде зелено светло за новиот план за поддршка за Молдавија, со кој се предвидува создавање на Инструмент за реформи и раст на земјата вреден 1,9 милијарди евра, наменети за забрзување на социо-економските реформи, зајакнување на отпорноста и унапредување на интеграцијата во ЕУ.

За одобрување на планот гласаа 499 европратеници, 117 беа против, а 44 се воздржаа од гласање.

Целта на Инструментот е да и помогне на Молдавија во справување со главните предизвици со кои се соочува, пред се со последиците од руската агресија врз Украина врз безбедноста, економијата и населението на земјата, како и за зајакнување отпорноста кон хибридните напади и мешањето од страна на Русија насочени кон нејзините демократски процеси и институции.

- Advertisement -

Од вкупната сума од 1,9 милијарди евра, што треба да биде исплатена до 2027 година, 520 милиони евра ќе бидат во форма на грантови, а останатите речиси 1,5 милијарди евра како позајмици под поволни услови, со што ќе и се овозможи на Молдавија да ги спроведува неопходните реформа без да акумулира неодржлив долг.

Како дел од помошта, слично како и во случајот со Планот за раст на Западниот Балкан, предвидени се и средства за предфинансирање во износ од 18 отсто од вкупно предвидената сума, првенствено наменети за зајакнување на енергетската безбедност, институциите за борба против корупцијата и за модернизацијата на јавните услуги.

Со планот се предвидува и 20 проценти од грантовите бидат искористени за дигитализација на молдавските институции, за обука на државните служби и за реформи во правосудството.

Предуслов за исплата на средствата е Молдавија да ги имплементира предвидените реформи со утврденото темпо, за што ќе биде спроведен и засилен надзор. Во тие рамки се предвидува воспоставување на дијалог меѓу Европарламентот и Еврокомисијата за редовен преглед на напредокот во спроведувањето на реформите.

Пред да стапи во сила, планот треба да биде одобрен и од Советот на ЕУ.

Инструментот за реформи и раст на Молдавија, чија цел е удвојување на обемот на нејзината економија во рок од една деценија и обезбедување социо-економската стабилност, е моделиран по примерот на Инструментот за реформи и раст за Западниот Балкан, во чии рамки Северна Македонија до 2027 години треба да добие 750,4 милиони евра.

Од Сашко Панајотов Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за електрична енергија
Пресметај колкав износ за електрична енергија ќе платиш според потрошувачка.
Финансии
Отвори →

Може ќе ви се допадне

САД и Филипините почнаа заеднички вежби за подобрување на стратешко одвраќање

ОН: Цели семејства се убиени во немирите во Сирија

Украина го откажува преминот од зимско во летно сметање на времето во 2025 година

Украинците удриле во трафостаницата во Курск, пет региони без струја

Путин предлага директни разговори меѓу Русија и Украина в четврток во Истанбул

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Уапсени лекари и фармацевти во Грција за издавање фиктивни рецепти за лекови

Балкан

Косово забрани увоз на пилешко месо од Бразил поради птичји грип

Свет

Данска ќе го повика американскиот амбасадор поради веста за шпионажа на Гренланд

Свет

Аргентина ќе забрани операција за промена на полот и хормонска терапија за деца

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?