Со посета на сајтот се сложувате со нашата Политика на приватност, заштита на податоци и колачиња
Accept
Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Notification Show More
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
  • Дијаспора
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
Reading: Путин предлага директни разговори меѓу Русија и Украина в четврток во Истанбул
Share
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
  • Дијаспора
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
Follow US
Home » Blog » Путин предлага директни разговори меѓу Русија и Украина в четврток во Истанбул
Свет

Путин предлага директни разговори меѓу Русија и Украина в четврток во Истанбул

11.05.2025
Share
SHARE

Москва, 11 мај 2025 (МИА) – Рускиот претседател Владимир Путин денеска предложи одржување директни разговори со Украина во Истанбул на 15 мај, за кои рече дека треба да имаат за цел постигнување траен мир и елиминирање на коренските причини за војната. Неговата објава е неколку часа откако Киев и европските лидери повикаа на безусловно 30-дневно примирје што ќе почне в понеделник.

Лидерите на Украина, Велика Британија, Франција, Германија и Полска вчера во Киев и се заканија на Москва со нови санкции и воена поддршка за Украина доколку Русија не се согласи со предлогот.

Путин не се осврна експлицитно на тој повик во својата изјава – дадена по 1 часот наутро во Кремљ – наместо тоа го наведе контрапредлогот за нови преговори меѓу Русија и Украина.

Тој рече дека Русија предлага директни разговори со Украина во Истанбул во обид да се „елиминираат корените на конфликтот“ и „да се постигне обновување на долгорочен, траен мир“.

„Им предлагаме на властите во Киев да ги продолжат разговорите што ги прекинаа во 2022 година, и, нагласувам, без никакви предуслови“, рече Путин.
Руските и украинските преговарачи водеа директни разговори во Истанбул во првите недели од конфликтот, но не успеаја да се договорат за запирање на борбите, кои беснеат оттогаш.

„Предлагаме да започнеме (преговори) без одложување в четврток, 15 мај, во Истанбул“, рече Путин, додавајќи дека наскоро ќе разговара со турскиот претседател Реџеп Таип Ердогдан за да побара негова помош за олеснување на разговорите.

Десетици илјади се убиени откако Русија ја започна својата офанзива, а милиони се принудени да ги напуштат своите домови.

„Не исклучуваме дека за време на тие разговори ќе можеме да се договориме за некаков нов договор за прекин на огнот“, рече Путин.
Тој, исто така, ги обвини западните поддржувачи на Украина дека сакаат „да ја продолжат војната со Русија“ и – без да го спомене конкретниот предлог на Украина и Европа за 30-дневен договор за прекин на огнот – ги критикуваше европските „ултиматуми“ и „антируската реторика“.

Од Златко Шумковски Извор МИА

You Might Also Like

Индија и Бразил ја зајакнуваат воената соработка

Белгија ќе уништи вакцини против Ковид и друга заштитна опрема вредна 207 милиони евра

Нема преживеани во авионската несреќа во Бразил

Набрзо ќе профункционира аеродромот во Валона

Вучиќ: Ќе мора да разговарам со Путин

Share This Article
Facebook Twitter Telegram Email Copy Link Print
Share
What do you think?
Love0
Sad0
Happy0
Surprise0
Angry0
Dead0
Wink0

ПОПУЛАРНО

Балкан

Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Викендот во Делчево на еден татко
„Македонецот“ – полски документарен филм посветен за децата-бегалци од Егејска Македонија
Еден ден и јас ќе го фрлам зарот и фереџето

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mkЗабрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Македонија ДенесМакедонија Денес
© 2024 Македонија Денес. Сите права се задржани.
- Advertisement -
Ad image
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?