Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Македонија

Филипче бара оставки поради неадекватно управување со кризата во Трубарево

Сподели

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, денеска остро реагираше на изјавите на премиерот Мицкоски, кој тврди дека државата е под хибриден напад од странски сили. Филипче предупреди дека таквите изјави се злоупотреба на безбедносната ситуација во земјата. „Мислам дека ниту еден премиер до сега не се осмелил вака да ја потресе ситуацијата во однос на безбедносната сфера на земјата“, нагласи тој.

Филипче истакна дека ако изјавите на Мицкоски се точни, институциите веднаш требало да реагираат. „Ако навистина сме под напад, тогаш требаше да заседава Советот за безбедност, да излезе Армијата и да се активираат сите безбедносни служби“, додаде тој, нагласувајќи дека ништо од тоа не се случило.

Според него, власта на ВМРО-ДПМНЕ не понудила никакви решенија за актуелните проблеми. „Од оваа влада не видовме ниту едно решење на ниту еден проблем. Сето ова, на што премиерот се вади, е практично само една пиаровска драма“, изјави Филипче.

- Advertisement -

Во одговор на новинарско прашање, тој повика на итна одговорност и оставки од министерот за здравство и министерот за внатрешни работи, поради несоодветното справување со пожарот во депонијата во Трубарево. „Треба да си поднесе оставка министерот за здравство. Ги излажа граѓаните дека воздухот не е загаден“, рече Филипче.

Тој нагласи дека е неопходна детална анализа на сите институции и депонии во државата, за да се спречи иднина еколошка или здравствена криза. „Имаат ли сите депонии лиценци? Работи ли некој нелегално со отпад?“, праша тој, додавајќи дека Владата не презела конкретни мерки по овие прашања.

Филипче истакна дека е потребна темелна анализа и на работата на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ, кои не ги исполниле ветувањата дадени пред четири години. „Дали воопшто почнале да реализираат дел од тие ветувања? Сè што ветија е полошо, и сега гледаме трагични ситуации кои сериозно го загрозуваат здравјето на граѓаните“, заклучи претседателот на СДСМ.

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулаторот за БМИ
Калкулаторот за БМИ (телесна маса)
Здравје
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Полицијата ќе ја проверува работата на „Државна лотарија“

Потпишување Декларација за фер, слободни и демократски избори

Цените паѓаат, инвестициите поскапуваат: што се случува во земјоделството?

Апсење на граничниот премин Долно Блаце

Поради сообраќајна несреќа во прекин е сообраќајот на скопската обиколница во правец кон Куманово, кај клучка Хиподром, возилата се пренасочуваат по автопатот Скопје-Велес

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Хроника

Трагична сообраќајна несреќа во Градско: Еден загинат и тројца повредени

Локално

Без вода корисниците на ул. „Букурешка“

Македонија

Дрин Ахмети се повлекува од раководната функција на „Тор индустрис“, соопшти компанијата

Македонија

Колкумина се фотографираа за лични документи во февруари?

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?