Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Македонија

Полицијата ќе ја проверува работата на „Државна лотарија“

28.07.2024 16:45
Сподели

Скопје, 28 јули 2024 (МИА) – Полицијата ќе го проверува работењето на Државна лотарија откако во јавноста излегоа информации дека незаконски давала лиценци за приредување онлајн игри на среќа иако не смеела да го прави тоа бидејќи и била истечена лиценцата.

-Во врска со случајот со „Државна лотарија“, Ве информираме дека по добиено известување од Министерството за финансии, во ОСОСК ( оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал) во координација со ОКП (оддел за криминалистичка полиција) оформен е предмет и започната е постапка за проверка на информациите за незаконско издавање на лиценци за приредување игри на среќа од страна на „Лотарија на Македонија“, потврдија за МИА од МВР.

Работењето на Лотарија ќе се проверува, откако претходно по барање на Министерството за финансии Владата одзеде лиценци на две фирми за приредување игри на среќа, едната од Струмица и едната од Скопје. Лиценците, како што информираа надлежните, им биле одземени за незаконско работење и неподмирување на законските давачки.

Ad image

Премиерот  Христијан Мицкоски, на 26-ти овој месец, одговарајќи на новинарско прашање за одземањето на две лиценци на компании за игри на среќа, рече дека станува збор за фирми кои работеле незаконски и не плаќале данок.

Банер Банер BrandEcho

-Имаме два случаи за одземање на лиценци за игри на среќа едната е од Струмица, другата е од Скопје, не ги уплаќале даноците редовно, работеле незаконски би рекол, врз основа на мислењето коешто го добив под надлежните институции. Но ова не е сѐ. На седницата на Владата беше прифатено практично толкувањето на Законот во коешто е констатирано дека од 2017 година „Лотарија на Македонија“, без разлика што и самата не поседува лиценца самата издавала лиценци за приредување на игри на среќа, особено за онлајн обложувањето и слично“, изјави премиерот Мицкоски.

Според него, имало претходни високи функционери од Владата кои и покрај тоа што знаеле дека ова е спротивно на Закон дозволиле ваков тип на игри на среќа да се приредуваат, а со тоа ги оштетиле и граѓаните и Буџетот.

Тогаш премиерот подвлече дека документацијата е предадена на истражните органи и оти очекува надлежните институции да излезат со став. -Тоа се е предадено до истражните органи и очекувам надлежните истражни органи многу скоро да излезат со став врз основа на овие индиции коишто ги констатираше Владата, истакна премиерот Мицкоски.

Од Славица Стефановска/МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулаторот за БМИ
Калкулаторот за БМИ (телесна маса)
Здравје
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Фрлена експлозивна направа на улица „Козара“, настанал пожар

Подобрување на патната инфраструктура во Негорци- изградба на нов тротоар кон Прдејци и реконструкција на улицата „Ристо Бојмалиев“

Во недела посебен сообраќаен режим во Скопје поради улична трка на 10 километри

Таксист нападнал и ограбил патници

Неверојатна измама во Неготино: Му зел 4.000 евра „за да покаже дека еврото важи“

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Македонија

Работна средба на ДИК и ОДИХР за сите активности поврзани со спроведување на локалнито избори

Хроника

Запалена гаража – изгореа „ауди“ и два „голфа“ за неколку минути

Локално

Над 500 верници на 20 локации во Општина Прилеп ќе се фрлат по светиот крст за Водици

Македонија

„Демократи“ со реакција по фемицидот во Велес: Жените не смеат да живеат во страв

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?