Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Македонија

Филипче: Владата не смее да го блокира патот кон ЕУ

Сподели

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, изрази загриженост за актуелната политичка ситуација во Македонија, посочувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ, по доаѓањето на власт, не само што не ги исполни своите ветувања за подобри преговарачки позиции, туку и фактички ги запре преговорите со Европската унија. „Добро е да знаеме на што сме. Ветуваа подобри преговарачки позиции, а не спомнаа дека преговорите ќе запрат. Сега практично се запрени, ништо не се случува“, изјави Филипче.

Според него, Владата не покажува иницијатива за спроведување на реформската агенда, ниту за носење на реформски закони во Парламентот. „Не гледаме дека нешто се трудат околу тоа да направат, нема дипломатска активност на таа тема“, додаде тој. Филипче истакна дека е очигледно оти актуелната власт е конзистентна во својата намера да не дозволи напредок во преговорите со ЕУ. „Ќе се бориме поради тоа што е единствената иднина за нашата земја и ќе ставиме на масата“, нагласи Филипче.

По посетата на ОУ „Киро Глигоров“ во општина Центар, Филипче најави дека ќе се разгледа документот за Резолуцијата оваа недела и ќе се разговара за следните чекори. „Ако има чесен пристап од страна на власта, ќе седнат и ќе разговараат, дали на лидерска средба, дали во Парламентот“, рече тој.

- Advertisement -

Филипче истакна дека се работи на детална Резолуција која ќе биде презентирана пред јавноста и политичките партии. „Нека знаат граѓаните кој е за Европа, а кој не е“, додаде тој, нагласувајќи дека не се распродадени македонските национални интереси.

Во однос на економските политики, Филипче критикуваше дека Владата не ги контролира цените и дека платите не растат. „Гледаме катастрофални политики, политики на негрижа кон граѓаните, на секое ниво“, заклучи Филипче, посакувајќи успешна учебна година на наставниците, учениците и нивните семејства.

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Курсна листа
Преглед на дневна курсна листа на НБРМ.
Финансии
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Дрога и муниција во Кочани: Девојка и момче завршија со кривични пријави

Тетово: Уапсена жена за посредување во проституција

Склучени договори за јавни набавки од над 13 милиони евра во последните 10 дена

Пожарот во Берово се шири – итен апел за поддршка од граѓаните

Прекин на водоснабдување на улица „Осло“ во Општина Карпош

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Македонија

Соопштение на Основното јавно обвинителство за несреќата во Кочани

Македонија

Санкционирани 185 возачи во Скопје

Локално

Без вода населбата Новоселски пат

Локално

Д-р Адријана Илиевска-Велковски е заменичка-градоначалник на Општина Делчево

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?