Прекин на водоснабдување на улица „Осло“ во Општина Карпош

Корисниците на улицата „Осло“ во општина Карпош денеска останаа без вода поради технички зафати. ЈП „Водовод и канализација“ соопшти дека прекинот е резултат на изведување на нов водоводен приклучок од ф – 100 мм на број 15б на истата улица.

Според најавите, водоснабдувањето ќе биде нормализирано во текот на денот. Се апелира до граѓаните за трпение додека траат работите.

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава