Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Музика и филм

Филмот „Кајмак“ на Манчевски прогласен за најдобар филм на фестивал во Црна Гора

Сподели

Скопје, 1 август 2024

Две години по светската премиера, филмот „Кајмак“ на најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски и натаму освојува награди. Сега е прогласен за Најдобар филм на Меѓународниот филмски фестивал Фортеца во Црна Гора, кој заврши на 30 јули.

Овој мал, но реномиран фестивал кој се одржува во живописниот историски град Пераст, е содружник со познатиот БаНеФФ од Стокхолм, Шведска. За „Кајмак“ оваа меѓународна награда е осма по ред досега.

- Advertisement -

„Баш ми мило за ‘Кајмак’, си гази без гајле – локалната филмска мафија се утепа незаконски да нѐ блокира, а ние си редиме меѓународни награди, кај што они не ни припариле”, изјави Манчевски.

„Кајмак” е еден од најуспешните македонски филмови и со најширок пласман во светот. Тој е продаден за редовна дистрибуција во педесетина земји од Европа, Северна Америка, Јужна Америка, Централна Америка, како и во Австралија и Карибите – од неодамна во Шпанија, Португалија, а претходно и во Мексико, Аргентина, Бразил и Грција, Кипар и Холандија, од Јамајка, Аруба, Барбадос до Албанија и Бугарија; од Парагвај и Хаити до Суринам, од Гвајана и Ст. Китс и Невис до Данска,  Хрватска… Процесот на пласман продолжува и натаму.

„Кајмак“, македонско-данско-холандско-хрватска копродукција поддржана од Еуримаж, ја имаше светската премиера на фестивалот во Токио (А-категорија) во ноември 2022 година, потоа продолжи со глобална фестивалска турнеја во Тајпеј, Португалија, Италија, САД, Холандија, Бугарија, Србија, Црна Гора, Албанија, итн. Филмот беше поздравен со неколкуминутни стоечки овации и бројни написи во локалните медиуми.

„Кајмак“ беше најгледан филм во Македонија во 2022 година.

Македонската Агенција за филм сè уште незаконски ги блокира двата проекти на Манчевски, „Кајмак“ и „Збогум, Копакабано!“ (работен наслов „Биста“). Јавна поддршка за Манчевски како укажувач на корупција кој трпи политички прогон изразија Филмскиот фестивал во Венеција, ФИПРЕСЦИ (Меѓународната Федерација на филмски критичари), Транспаренси интернешнл и Whistleblowing International.

Банана Филм

Од Ирена Радовановиќ Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за тоа колку време губиш во сообраќај
Колку време губиш во сообраќај?
Останато
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Петте руски филмови за Втората светска војна со најголема заработка во кината

(ВИДЕО) Тоше Проески и Халид Бешлиќ во заедничко телевизиско гостување – момент за паметење со изведбата на „Први пољубац“

Пука козметика прославуваат 30 години РАП

ПРОМО: “Нема жена како тебе” на Јоце Панов ја здогледа светлината на денот

Еминем го објави својот 12. студиски албум – „The Death Of Slim Shady (Coup De Grâce)“

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Шенен Доерти и Курт Исвариенко го финализирале разводот дента на нејзината смрт

Музика и филм

Базел ќе биде домаќин на Евровизија во 2025 година

Музика и филм

„Бољи Живот“ новата песна на ДРЕ и Пука Козметика која буди револуција

Музика и филм

„30 години Пука Козметика“ – подготовките во тек

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?