Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Музика и филм

Петте руски филмови за Втората светска војна со најголема заработка во кината

07.01.2025 01:44
Сподели

Како Људмила Павличенко стана најуспешната жена-снајперист во историјата? Како советските жени-пилоти се бореа против асовите на Луфтвафе? Како советски командант спаси двесте Евреи од смрт? Ќе дознаете од овие филмови.

Contents
1. „Т-34“ (2018 г.)2. „Сталинград“ (2013)3. „Праведник“ (2023)▶ Случајно видео

1. „Т-34“ (2018 г.)

Заработка: 2,3 милијарди рубли (25 милиони долари)

 

Aleksey Sidorov/АМЕДИА, 2018

Германија, 1944. година. Германската команда одлучува да ги обучува своите тенкисти користејќи заробена советска воена техника. Заробените советски тенкисти добиваат тенк Т-34-85 и го носат на полигон, каде што ќе служи како мета. Само што војниците не сакаат да се помират со таква судбина и решаваат да избегаат…

Банер Банер BrandEcho

Актерот Александар Петров се присетува на својата подготовка за главната улога на поручникот Николај Ивушкин: „Пред почетокот на снимањето на „Т-34“, изнајмив соба на неколку недели и целосно ја излепив со фотографии од воената доба, од оние луѓе кои се бореле, кои биле заробени и оние кои живееле во окупација. И секој ден кога доаѓав таму, го исклучував телефонот и поминував неколку часа таму, читајќи, размислувајќи, гледајќи во лицата и очите на тие луѓе. На тој начин се подготвував“.

Ефектниот и впечатлив воен блокбастер „Т-34“ е полн со компјутерска графика и на некои места потсетува на добро познатата видео-игра „World of Tanks“. Токму тоа не им се допадна на многумина. На пример, критичарот на порталот „Афиша“ Максим Сухагузов истакнува дека филмот ја прикажува војната „како возбудливи „Пеколни улици“ со тенкови за гледачи на училишна возраст“.

2. „Сталинград“ (2013)

Заработка: 1,7 милијарди рубли (18 милиони долари)

 

Фёдор Бондарчук/Art Pictures Studio, 2013

1942 година. Група од пет советски војници се крие во куќа во разурнатиот Сталинград. Таму се крие и малото девојче Катја кое останало сирак. Војниците се грижат за неа, постепено станувајќи сé повеќе и повеќе врзани за неа.

„Сталинград“ е првиот руски филм снимен во IMAX 3D формат. Беше номиниран за Оскар во категоријата „Најдобар филм од неанглиско говорно подрачје“, но не влезе во потесниот избор.

Интересно е што дел од филмската екипа веќе имаше искуство да снима филмови за оваа позната битка. Во советскиот еп од 1989 година „Сталинград“ улогите ги толкуваа режисерот Фјодор Бондарчук и актерот Андреј Смољаков. Во истоимениот германски филм од 1993 година улогата на германскиот капетан Петер Кан ја играше актерот Томас Кречман.

3. „Праведник“ (2023)

Заработка: 642 милиони рубли (7 милиони долари)

Белорусија под окупација во 1942 година. 270 Евреи кои за чудо се спасиле од гетото доспеваат под заштита на партизански одред. Бидејќи партизаните немаат можност да ги задржат кај себе, политичкиот раководител Николај Киселев добива наредба да ги одведе зад линијата на фронтот.

Филмот е базиран на вистински настан. Киселев и седуммина партизани повеќе од еден месец ги воделе измачените луѓе низ шума, повремено наидувајќи на германски заседи. Од 278 луѓе, до заднината се пробиле 218.

Израелскиот Национален меморијален комплекс за жртвите и хероите на холокаустот „Јад Вашем“ му ја додели на Киселев титулата Праведник меѓу народите. Секоја година во Тел Авив се собираат потомците на луѓето кои тој ги спасил во знак на сеќавање на неговото херојско дело.

ЦЕЛОСНАТА СТАТИЈА ПРОЧИТАЈТЕ ЈА ТУКА

ИЗВОР: Russia Beyond Македонија / АНО „ТВ-Новости“

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Поважни телефони
Телефонски броеви од државни и јавни институции.
Останато
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Никол Кидман и Зак Ефрон во нов филм на „Нетфликс“

Еминем го објави својот 12. студиски албум – „The Death Of Slim Shady (Coup De Grâce)“

Базел ќе биде домаќин на Евровизија во 2025 година

Современ перуански филм во Кинотеката: бесплатно филмско патување низ културата на Андите

Пука козметика прославуваат 30 години РАП

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Музика и филм

Почина легендарната пејачка Габи Новак

ЛокалноМузика и филм

Од 23 јули до почетокот на август „Скопје вибрира“ со изложба, музика, филм

Музика и филм

Како вештачката интелигенција го менува светот на музиката: Револуција или закана?

Атина домаќин на Европските филмски награди во 2027 година

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?