Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, со задоволство објави дека реконструкцијата на легендарната сала „Работнички“ е во завршна фаза. На 13 декември, оваа историска арена ќе биде домаќин на натпреварот против МЗТ, каде што Герасимовски верува дека „Работнички“ ќе извојува значајна победа.
„Ова е нашата сала „Работнички“, нашиот храм за победи. Во моментов, реконструкцијата е завршена според ФИБА стандарди, со подземно греење. Со задоволство најавувам дека свеченото отворање ќе се одржи против МЗТ на 13 декември, и очекувам голема победа за Работнички“, изјави Герасимовски.
Според неговите информации, 80% од работите се завршени. Поставен е централен семафор, а осветлувањето и озвучувањето во салата се комплетно завршени. Во тек е комплетирањето на трибините, а сите приоди и тоалети се целосно опремени. Подготовките за инсталација на подно греење се во завршна фаза, а финализирањето на инсталациите и горниот простор за федерациите е во тек.
Се чини дека новата сала „Работнички“ ќе биде вистински бисер за спортот во нашиот град, а со нетрпение се очекува и натпреварот против МЗТ, кој ветува многу возбудувања.

