Санацијата на куполата на радарот во Ѓуриште успешно завршена

Завршени се градежно-техничките работи за целосна санација на куполата на метеоролошкиот радар WSR-74 на Радарскиот центар Ѓуриште.

Со овој зафат се обезбедува продолжување на животниот век на системот за повеќе од една деценија, како и значително подобрување на квалитетот на податоците. Санацијата вклучи замена на оштетени панели, целосна заштита од сончево зрачење и атмосферски влијанија, антикорозивна заштита и подобрување на конструктивната стабилност.

Придобивки:

  • Попрецизни и побрзи податоци за врнежи и силни бури, што овозможува навремено предупредување.

  • Подобра заштита на критичната опрема од влага, ветер и екстремни временски услови.

  • Зголемена доверливост на системот за рано предупредување, со значење за цивилната заштита, земјоделието и водостопанството.

  • Унапредување на националниот капацитет за справување со климатските ризици и екстремните временски појави.

Овој проект претставува значаен чекор во модернизацијата и одржувањето на метеоролошката инфраструктура и во подобрувањето на оперативната стабилност на системите за следење и предупредување.

Извор:uhmr.gov.mk

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава