Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Свет

Германски политичари бараат Авганистанците кои одат на одмор во татковината да го изгубат статусот на азиланти

Сподели

Берлин, 16 август 2024 (МИА) – Германски политичари повикаа на итно губење на статусот азилант, откако медиумите објавија дека Авганистанци кои добиле азил во Германија поради прогон во нивната татковина, редовно патуваат во Авганистан – на одмор.

– Германија мора да остане отворена земја, но не и наивна. Властите мора да гарантираат дека лицата кои бараат помош од нас, но истовремено одат на одмор во земјата од која побегнале, брзо ќе го изгубат статусот на азиланти и ќе ја напуштат Германија, изјави за дневникот „Билд“ Јоаким Штамп, комесар на германската влада за миграции од Либерално-демократската партија (FDP).

Штамп истакна дека германската влада се обидува да воспостави ред во миграциите и дека ваквите вести се „контрапродуктивни“. Тој ги повика федералните покраини и градови, кои се надлежни за обработка на барањата за азил, заеднички да работат на откривање на ваквите случаи.

- Advertisement -

Телевизиската станица RTL пред неколку дена објави репортажа за патувањата на Авганистанци, кои имаат азил во Германија, а редовно патуваат преку Иран во Авганистан. Според репортажата, на граница им се печати визата на посебен документ, кој по враќањето во Германија се отстранува за да се сокрие вистинското потекло на патниците. Патувањата се организирани од туристичка агенција во Хамбург.

Портпаролката на канцеларијата за миграции во Хамбург изјави дека патувањето во земјата од која лицето бара заштита автоматски го исклучува правото на азил во Германија. Сè повеќе политичари јавно се залагаат за депортација на странци дури и во земји како Сирија и Авганистан, особено на оние со криминални досиеја.

Дискусијата ја започна самиот канцелар Олаф Шолц, по убиството на полицаец од страна на Авганистанец во јуни. Шолц тогаш најави „масовни депортации“ во земји како Сирија и Авганистан.

Од Сања Костовска/МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за стареење
Калкулатор кој прикажува колку брзо старееш.
Здравје
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Буркина Фасо и Русија: Нови чекор кон мирна нуклеарна соработка

Airbus воведува нови правила за летови при неповолни временски услови

Масовни протести во Аргентина поради мерките за штедење

Убил двегодишно девојче и го фрлил во депонија

Бајден се враќа на предизборните активности следната недела

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Во пресрет на дебатата, Трамп се заканува со затвор за вмешаните во „изборната кражба“

Свет

Грузија уапси три кинески државјани поради нелегална трговија со ураниум

Свет

САД воведоа високи царини за стоките од Канада, Мексико и Кина

Свет

Во Австралија издадено предупредување за циклон, кој прераснува во бура од петта категорија

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?