Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Свет

САД воведоа високи царини за стоките од Канада, Мексико и Кина

02.02.2025 09:27
Сподели

Вашингтон, 2 февруари 2025 (МИА) – Претседателот на САД, Доналд Трамп, синоќа потпиша указ за воведување царини за стоките увезени од Канада, Мексико и Кина. За увозот од соседите Канада и Мексико царините се 25 отсто, додека за увозот од Кина тарифата е 10 отсто. За увозот на енергенси од Канада, тарифата е пониска, односно 10 отсто.

Според Белата куќа, нелегалните имигранти и наркотичките средства што циркулираат преку јужната и северната граница, вклучувајќи го и смртоносниот фентанил, создале национална вонредна ситуација.  Затоа, претседателот Трамп презема мерки за да ги принуди Мексико, Канада и Кина да ги исполнат своите ветувања за запирање на нелегалната имиграција и приливот на отровниот фентанил и други дроги во САД, се вели во соопштението на Белата куќа.

Американската царинска и гранична служба лани во акции на границите на САД запленила повеќе од 10.000 килограми фентанил.

Ad image

-Кинеските власти не ги презедоа неопходните мерки за да се запре испораката на прекурзори на хемиски супстанции до познатите криминални картели и да се прекине перењето пари од страна на транснационалните криминални организации, се наведува во соопштението на Белата куќа.

Банер Банер BrandEcho

Според соопштението, мексиканската влада овозможила картелите да учествуваат во производство и транспортот на опасни дроги, „што доведе до смрт од предозирање на стотици илјади Американци“.

Исто така, во Канада се зголемило присуството на мексиканските картели кои управуваат со лаборатории за синтеза на фентанил и нитазен. Неодамнешно истражување укажа на зголемено домашно производство на фентанил во Канада, се истакнува во соопштението.

„Сето ова ја загрозува националната безбедност на САД, па затоа мораме да го искорениме влијанието на овие опасни картели“, нагласи Белата куќа, додавајќи дека пристапот до американскиот пазар е привилегија, „бидејќи САД имаат една од најотворените економии во светот и најниски просечни увозни стапки“.

За Канада, трговијата со САД сочинува 67 отсто од БДП на земјата, додека за Мексико таа е 73 отсто од неговото БДП, а за Кина – 37 отсто. Трговските врски на САД со овие три земји вкупно сочинуваат само 24 отсто од БДП на земјата. Според тоа, САД имаат огромен трговски дефицит кој во 2023 година надминал еден трилион долари.

Царините и тарифите ќе стапат на сила на 4 февруари, исклучек се стоките што веќе биле испратени пред 1 февруари.

Канадскиот премиер Џастин Трудо изјави дека Канада ќе одговори со свои тарифи за увозот од САД и предупреди дека ваквата политика на јужноит сосед ќе ги зголеми цените на производите и ќе биде удар за потрошувачите.

Од Борис Камчев, САД Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
NEW
Планирани прекини на електрична енергија
Приказ на планирани и непланирани прекини на електрична енергија
Останато
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Мексико ќе обезбеди универзален пристап до здравствени услуги до 2027 година

Кина предупредува: Тајван е внатрешно прашање, нема место за мешање

Поддршка на Путин за Трамп по неуспешниот атентат

Орбан: ЕУ мора да се промени, целта на унгарското претседателство е да биде гласот на промените

Велика Британија објави нов пакет санкции против Русија кои вклучуваат директори на компанија

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Свет

Холандија планира да обезбеди 24 борбени авиони Ф-16 на Украина

Зеленски за украинската инвазија на руската област Курск: Украина докажува дека е способна да изврши притисок врз агресорот

Стотици илјади луѓе учествуваа на протестите низ САД против Трамп и Маск

Свет

Нови судири во Етиопија: Властите и тиграјските сили повторно во конфликт

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?