Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Локално

„Gevgelija Open 2025“ – спорт, хуманост и меѓународна пинг-понг дружба

Сподели

На 23 и 24 август 2025 година, во спортската сала „26 Април“ во Гевгелија се одржа Вториот по ред пинг-понг турнир со хуманитарен карактер „Gevgelija Open 2025“, во организација на Пинг-понг клубот „Гевдион 2023“. Општината беше домаќин на 100 натпреварувачи од 20 клуба од Македонија и странство. Годинава, учестуваа претставници од шест различни земји: Србија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Турција, Албанија и Иран. Турнирот потврди дека иницијативата започната во 2023 година од стрна на ОО Црвен крст- Гевгелија прераснува во традиција со меѓународен карактер, што го позиционира градот на спортската мапа за пинг-понг натпреварувања.

Свеченото отворање на спортскиот настан беше означено во присуство на градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов. Во своето обраќање, ги охрабри спортистите со желби за успешно натпреварување, а на тренерите, судиите, волонтерите и посетителите им посака пријатно искуство и уживање во спортската атмосфера. На гостите од странство им упати топло добредојде во нашата гостопримлива Гевгелија. Притоа, на членовите на Пинг-понг клубов „Гевдион“ им оддаде признание што за кратко време успеа да ја промовира оваа динамична и возбудлива игра преку повеќе успешни настани.

– Ентузијазмот, посветеноста и љубовта кон спортот се главен мотив локалната самоуправа целосно и во континуитет да ги подржува ваквите настани. Со задоволство најавувам дека наскоро Пинг-понг клубот „Гевдион“ ќе добие и свој дом за тренинзи во реконструираната спортска сала на ДТВ „Партизан“, што сметам дека ќе придонесе уште повеќе млади да се вклучат и да ја засакаат оваа спортска дисциплина- истакна Сарамандов.

- Advertisement -

Во текот на двата дена, беа одиграни повеќе категории во рамки на 2. издание на Меѓународниот пинг-понг настан „Gevgelija Open 2025“. Исто така, во рамки на програмата се одржа и хуманитарен турнир организиран од Општинската организација на Црвениот крст- Гевгелија, со кој уште еднаш се покажа дека спортот и солидарноста одат заедно. Крајот на настанот беше означено со свеченото доделување на пехарите, медалите, дипломите и наградите за најуспешните учесници, со што беше заокружено уште едно успешно издание на Tурнирот.

На Open турнирот, првото место го освои Никола Михајловиќ од Босна и Херцеговина, второпласиран беше Драган Џорџевиќ од Србија, а третото место го поделија Сина Кејхан од Иран и Драган Јовиќ од Србија. На петтата позиција се пласираа Амелија Уце Николов од Македонија, Бранислав Миленковиќ од Србија, Борче Талевски од Македонија и Игор Живковиќ од Србија.

На Македонскиот турнир најдобар беше Сашо Љамов од ППК- Радовиш, второто место му припадна на Борис Секулов од ППК „Астраион“, а третата позиција ја поделија Горазд Ристевски од ППК „Студент“ и Филе Матевски од ППК „Вардар“. Во конкуренцијата двојки најдобри беа Младеновски и Уце. Второто место го освоија Секулов и Милев, додека третопласирани беа Јакимовски и Васевски.

Во младинската категорија до 19 години најдобар беше Андреј Васевски од Куманово, второпласиран Јаков Јакимовски од Куманово, а третото место го поделија Дамјан Петровиќ од Дебар Маало и Kuzey Mehmet Alev од Турција. Во рамки на традиционалниот хуманитарен турнир, најуспешен беше Борче Станков, второ место освои Ѓорге Бојмалиев, а третата позиција ја поделија Кристијан Бојмалиев и Ристе Бојчев.

Овој спортски настан е поддржан од Општина Гевгелија преку Програмата за финансирање на спортските активности во општина Гевгелија за 2025 година.

Извор:gevgelija.gov.mk

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за електрична енергија
Пресметај колкав износ за електрична енергија ќе платиш според потрошувачка.
Финансии
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Општина Крива Паланка наскоро добива бесплатни „WI-FI“ зони

26 ноември: премиерна изведба на „Скржавец“ – продукција на Драмската секција при Пионерски дом- Гевгелија

Обновливи извори на енергија за греење во Битолскиот регион

Без вода корисниците на ул. „Букурешка“

Дел од општина Центар без струја

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Локално

Дел од Ѓорче Петров денеска шест часа без струја

Локално

Бесплатно летување во Охрид за најдобрите млади спортисти од Кисела Вода

Локално

Од денеска ќе се отстрануваат бесправни објекти во Општина Карпош

Локално

Без вода делови од Маџар, Бутел и Радишани

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?